Свет
Екс телохранител тврди:Кучма го нарачал убиството на Гонгадѕе
Поранешен телохранител на Леонид Кучма тврди дека екс претседателот го нарачал убиството на новинарот Георгиј Гонгадѕе.
Поранешен телохранител на Леонид Кучма тврди дека екс претседателот го нарачал убиството на новинарот Георгиј Гонгадѕе. Како што пренесуваат денеска украинските медиуми, Микола Мелниченко, кој претходно работел како телохранител на Кучма, изјавил дека поседува аудио записи за ваквото тврдење. Обвинителството на Украина побара од Мелниченко, кој живее во прогонство во САД, да се врати во земјата и да ги достави оригиналните аудио записи од прислушувањето. Во ноември 2000 година претседателот на Социјалистичката партија Олександар Мороз соопшти за записите, што подоцна парламентарците имаа можност да ги преслушаат. Дел од записите содржеле компромитирачки изјави на тогашниот шеф на претседателскиот кабинет Володимир Литви, кој сега е претседател на украинскиот парламент. Во друг дел има изјава на Кучма што не се однесува на убиството на Гонгадѕе, туку за можна продажба на украински радари на Ирак, што од страна на американскиот Стејт департмент во 2002 година беше оквалификувана како автентична. Бившото украинско раководство ги негираше овие тврдења, нагласувајќи дека станува збор за монтажа. Овие записи беа објавени во електронското издание на весникот “Украинска правда“, кој го раководеше Гонгадѕе. На аудио записите се слушаат гласовите на Кучма, Литвин и поранешниот министер за внатрешни работи Кравченко, за кого се претпоставува дека се самоубил пред да ги достави доказите пред обвинителството. Според главното обвинение, новинарот Гонгадѕе, кој исчезна на 16 септември 2000 година, бил грабнат од полициски офицери, а потоа бил задушен. Неговото тело било обезглавено. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

