Македонија
Георгиев: Не сме партија која што дели
СДСМ денеска ги отфрли обвинувањата дека е партија која го дели народот.
СДСМ денеска ги отфрли обвинувањата дека е партија која го дели народот.
„СДСМ не е партија која што дели. СДСМ го прави овој денешен народен собир во име на обединувањето и за да се спротивстави на омаловажувањето на НОБ, бидејќи во овие 4 години ни се случува сериозно и силно прекројување на историјата од страна на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ. Ние знаеме што е 11 Октомври, знаеме дека тоа е идентитетската котва на нашата држава и затоа сакаме да го прославиме овој голем народен собир. И тоа ќе се случи вечерва“, изјави денеска во Прилеп, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Според него најдобро ќе било Гордана Јанкуловска да се појави на официјалната прослава во Куманово, каде како што рече не присуствувал ниту еден владин претставник ниту пак претставник од нејзината партијата.
„Овие леко мислени министри на ВМРО-ДПМНЕ, повторно се покажа дека едно кажуваат, а друго прават. Додека Гордана Јанкуловска зборуваше на прес конференција, таканаречените лажни жртви на транзицијата беа испратени и пред седиштето на СДСМ и во Прилеп“, рече Георгиев./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

