Македонија
СРД за резултатите од мониторингот на изборната кампања
Советот за радиодифузија(СРД) денеска напладне ќе ги објави резултатите од анализата на мониторингот на радиодифузерите за првите десет дена од избор
Советот за радиодифузија(СРД) денеска напладне ќе ги објави резултатите од анализата на мониторингот на радиодифузерите за првите десет дена од изборната кампања.
Воедно, СРД ќе ги соопшти и мерките кои на последната седница им ги изрече на радиодифузерите.
Мерките се однесуваат за непочитување на Изборниот законик и Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување во време на изборна кампања. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Опожарени два пластични контејнера во скопската општина Центар
Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало.
Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи“, посочуваат од Општина Центар.
Македонија
Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.
„Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на коешто беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето и замолницата којашто јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Инаку последната мерка којашто ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување ќе повторам и замолница ја почитуваат“, изјави премиерот.
Македонија
(Видео) Тошковски да поднесе оставка по многуте скандали во изминатите месеци, бара Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оценува дека по многуте скандали што се случија во изминатите шест месеци, Тошковски требаше да поднесе оставка.
„Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ги потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па сè до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби, се јасен доказ.
Имаше убиство на бизнисмен кај „Мавровка“, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на пластичарската улица. Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други“, вели Кузеска.
Како што вели, повеќето од овие случаи сè уште не се расчитени и сето ова за само шест месеци.
Наместо ред и поредок, граѓаните, додава таа, добија хаос и несигурност.
„Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, а и за двете Тошковски се обидува да се амнестира. Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите може да го минуваат граничниот премин без проблеми. Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се вознемирил од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото. Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени“.
Кузеска напоменува дека нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, и Тошковски треба да понесе одговорност.