Свет
Во Авганистан легализирана дескриминација на жената
Aвганистанските власти донеле закон со кој како што соопштува организацијата за заштита на човековите права “ХРВ” се “легализира дексриминацијата” на жените, вклучувајќи го и скратување од храна ако таа не ги исполнуваа обврските во бракот
Според соопштението на “ХРВ”спорниот закон е објавен во Службениот весник во Авганистан, на 27 јули оваа година.Со новиот закон, сопругот имал право материјално да не ја помага жената, вклучувајќи ја тука и храната и грижата за децата, ако таа не ги исполни неговите сексуални потреби.Во тој случај старателството на децата го превзема мажот.Законот исто така предвидува, дека жените мораат да добијат согласност од мажот за да работат некоја работа.Овој закон е донесен во екот на претседателските избори во Авганистан на 20 август, на кој досегашниот претседател Хамид Карзаи е забележан како главен фаворит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна за нафтата
Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.
Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.
„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатко масло. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување, Џастин Трудо.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 и 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа:
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 и 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа на кои може да се забележи ширењето на огнот: