Македонија
МЗШВ: Нема нарушување на пазарот со пченица
Tврдењата на ЛДП дека Владата создава вештачка криза со лебната пченица се невистини бидејќи нема нарушување на пазарот со пченица истакнуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Tврдењата на ЛДП дека Владата создава вештачка криза со лебната пченица се невистини бидејќи нема нарушување на пазарот со пченица истакнуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Министерството и Владата за разлика од ЛДП не ги штити само интересите на одредени стопански субјекти туку ги штити вкупните интереси на сите чинители на пазарот. Одлуката за врзувањето на извозот на пченица и на брашно со откуп на домашната пченица е донесена врз опсежна анализа и по бројните разговори и барања на земјоделците и на мелничарите,“ соопштуваат од ова министерство. Тие истакнуваат дека „без разлика на посакувањата на некои неодговорни политички партии, Владината комисија уште во почетокот расправала за состојбата на пазарот со пченицата и на наредната седница на Владата оваа точка е ставена на дневен ред“./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.