Свет
Демонстрации за смена на претседателот и во Јемен

Речиси една илјади демонстранти во Јемен се собраа внатре во универзитетот во престолнината Санаа, со повик за смена на претседателот Али Абдула Салех, кој владее со земјата цели 32 години, јавува СинхуаРастечкото народно незадоволство доведе до протести во сите поголеми градови во Јемен. Протестите започнаа веднаш откако масовните протести во Тунис доведоа до бегство на нивниот долгогодишен претседател Зине ал-Абидин Бен Али. „О, Али, придружи му се на твојот пријател Бен Али“, извикуваа демонстрантите. Покрај незадоволството од неодамнешните уставни измени, со кои Салех би станал доживотен претседател на Јемен, демонстрантите бараа владата да ги го сопре порастот на цените на нафтата и другите режиски трошоци. Полицијата успеа да ги растури демонстрациите без да предизвика судири. /крај/синхуа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија
Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.