Свет
Погребани убиените „лавови" Мујо и Чавка
Вчера на Градските гробишта во Куманово пред голем број роднини и пријатели беа погребани посмртните останки на Горан Георгиевски – Мујо и Ненад Велковски-Чавка, убиени пред два дена во пресметката пред ноќниот бар “Линка°.
На Градските гробишта во Куманово пред голем број роднини и пријатели
Осомничениот за двојното убиство Горан Стојковски-Линка, сопственик на ноќниот клуб “Линка”, сў уште е во бегство
КУМАНОВО – Вчера на Градските гробишта во Куманово пред голем број роднини и пријатели беа погребани посмртните останки на Горан Георгиевски – Мујо и Ненад Велковски-Чавка, убиени пред два дена во пресметката пред ноќниот бар “Линка°. Прво беше погребан Велковски, а само час подоцна беше погребан и мајорот на расформираната Единица за брз интервенции “Лавовиии, Горан Георгиевски-Мујо.
На погребот на †кумановскиот лав број 1° беа неколку стотици негови роднини и пријатели од Куманово, но и од други градови во државава.
Последна почит на својот поранешен командант му оддадоа и припадници на некогашните “лавови°, но и други млади кои беа облечени во црни маички на кои го пишуваше името на Горан Георгиевски. Покојниот Мујо е сопруг и татко на две малолетни деца.
Иако никој не сака официјално да говори за овој настан, сепак, дознавме дека во телото на Георгиевски завршиле осум куршуми. Близок роднина на Ненад Велковски, пак, ни изјави дека родителите на починатиот не се задоволни од третманот на лекарите во Ургентниот центар во Скопје во обидите да му го спасат животот.
За единствениот осомничен за двојното убиство и ранување на уште неколкумина други посетители на ноќниот клуб “Линкааи, Горан Стојковски-Линка, сопственик на локалот, нема никакви нови информации и тој сў уште е во бегство. Низ градот веќе се шират повеќе верзии. Според едни, Горан Стојковски-Линка непосредно по пукањето бил уапсен, но дека полицијата, наводно, од безбедносни причини не го соопштува неговото доброволно предавање. Според други, Линка с се предал на полицијата, но нему му било советувано извесно време да се скрие и да причека да се смират страстите, а има и такви кои велат дека тој е во сопствениот дом и дека во кумановската полиција ќе се појави во придружба на свој овластен правен застапник. И, најпосле, се зборува дека Линка по пресметката успеал да побегне од другата страна на границата и оти сега, наводно, се крие во Србија.
За смртта на Мујо во градот се поделени мислењата. Чувствата меѓу граѓаните за личните и за семејните трагедии на двете жртви во пресметката се поделени: од поддршка и одобрување за сторителот на двојното убиство, до длабока жал за двата загубени живота и разбирлива осуда на ваквиот начин на расчистување сметки. Она што во Куманово е видливо на секој чекор е чувството на страв и несигурност од она што се случи во понеделникот во непосредна близина на центарот на градот. Некои сметаат дека смртта на Мујо е само плод на бурниот начин на живеење на убиениот и дека пукањето е логична последица по насилното влегување во клубот и односот што го имал со синот на Стојковски. Според други, убиството на Мујо и на Чавка е еклатантен пример на политичка пресметка со остатоците од расформираната единица “Лавовиии. Се потенцира неговата блискост со пребеганиот Драган Даравелски, но се говори и за неговите чести патувања во Јужноафриканската Република каде што, наводно, поседувал голема куќа.
Веста за завчерашниот крвав инцидент што се случи само час по полноќ секавично се прошири низ Куманово уште во утринските часови, додека на асфалтот сссо уште се забележуваше крвта на двајцата убиени и тројцата ранети, инаку сите во придружбата на Горан Георгиевски.
Како што соопшти полицијата, директен повод за инцидентот е попречување на влез во клубот, што ескалирало со шлаканица, туркање и на крајот со пукотница во која двајца загинаа, а други тројца се здобија со прострелни рани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

