Свет
Асад ги поддржува настојувањата за стабилност на Сирија
Сирија ќе соработува во сите настојувања за решавањето на кризата и стабилизирање на земјата, ја пренесе во вторникот државната новинска агенцијата SANA изјавата на претседателот Башар ал-Асад.
Сирија ќе соработува во сите настојувања за решавањето на кризата и стабилизирање на земјата, ја пренесе во вторникот државната новинска агенцијата SANA изјавата на претседателот Башар ал-Асад. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, рекол дека е разбрана пораката на претседателот Медведев оти Русија сака крај на крвопролевањата.„Сирија од почетокот ги поздравуваше сите напори коишто го поддржуваат сириското решение на кризата“, рекол претседателот Башар ал-Асад во вторникот во Дамаск на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. По средбата, Лавров, изјавил за новинарите дека „средбата со раководството на Сирија, со претседателот и неговиот заменик, како и со и министерот за надворешни работи, била корисна и од суштинско значење“, пренесува сириската државна агенција.„Имавме многу корисни средби со раководството на Сирија, ја потврдивме нашата подготвеност за целосна поддршка за скорешен излез од кризата врз основа на планот изложен во иницијативата на Арапската лига од 2-ри ноември 2011 година. Така, сирискиот претседател увери дека тој е целосно посветен на завршувањето на насилството, од која и да страна тоа доаѓа“, рекол министерот за надворешни работи.Лавров истакнал дека Сирија ја потврдила важноста на продолжување на работата на арапските набљудувачи во земјата, како и зголемувањето на нивниот број за поефикасно следење на настаните и да се утврдат причините за прекршување на договорите за ставање крај на насилствата.„Јас, од друга страна, пак, за време на телефонскиот разговор со генералниот секретар на Арапската лига г нагласив дека Русија го смета за неопходен услов за решавање на ситуацијата во Сирија продолжувањето на мисијата на арапските набљудувачи и зголемувањето на нивниот број. Во секој случај мисијата треба да ги вложи сите напори за да се запре насилството, од која и да страна тоа произлегува и да сите групи Сиријци да се привлечат кон политичкиот дијалог. За исполнување на тоа, беше направена посебна комисија предводена од заменик-претседателот на Сирија, Фарук ал-Шар, чиешто полномоштво беше потврдено од претседателот ал-Асад“, рекол Лавров .Рускиот министер за надворешни работи, нагласил дека „ги потсетивме нашите сириски колеги за поентите од пораката на претседателот Дмитриј Медведев до претседателот Башар ал-Асад, во кои се зборуваше за неопходноста потребата да се забрза долгогодишните политички и уставни реформи. Претседателот ал-Асад потврди дека во блиска иднина ќе биде претставен проектот за новиот устав на земјата, а потоа во најкраток можен рок ќе биде утврден датумот за спроведување на референдум за прашањето за неговото донесување. Потоа ќе се одржат општи парламентарни избори, со учество на сите политички партии, вклучувајќи го и новосоздадените во согласност со неодамна донесениот закон за политичките партии да се одржи, кој ќе биде во основата на новиот устав на Сирија, исклучувајќи ја повластената позиција за која и да е партија, вклучувајќи ја и партијата Баат“. На почетокот од август 2011 година, претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“.„Резултатите од официјалната посета на Сирија, која се одржа во име на рускиот претседател Дмитриј Медведев“ – вели за SANA Сергеј Лавров – „се многу важни и навремени“. Според него, „ јасно е дека напорите за ставање крај насилство мора да бидат придружени со почнување дијалог меѓу сите политички сили“, вели Лавров, додавајќи дека „денеска добил потврда за подготвеноста на сирискиот претседател за соработка во оваа работа“.Според Лавров, сигналот на Москва до Дамаск за активно покренување на сите насоки од решение на сириската криза – биле сослушани„Веруваме во потребата од континуирани напори за решавање на сириската криза, Русија има намера активно да го прави тоа со сириската страна, опозицијата, соседите на Сирија и со Арапската лига. Москва верува дека сите земји кои имаат влијание врз сириските опозициски групи, коишто од која било причина одбиваат дијалог, се должни да вложат напори за да ги вклучат во конструктивен дијалог. Ние тргнуваме од јасни цели: а тие се состојат во тоа да не се дозволат цивилни жртви, како и сите странски сили се должни да ги преземат сите мерки за постигнување национално помирување преку дијалог и без мешање во внатрешните работи на земјата од надвор“, вели шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.На крајот од средбата со новинарите, сирискиот претседател Башар ал-Асад повторно ја изразил „подготвеноста на Сирија за соработка во секој напор кој ја поддржува стабилноста на земјата“, пренесува SANA./крај/са/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок
Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“.
Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат.
„За мене тоа беше болен процес. Од детството ги сметав САД за природен водач на слободниот свет. Дури зборував за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, кој испратил дански трупи да се борат заедно со САД во Авганистан.
„Сега гледаме дека САД користат јазик што е прилично сличен на гангстерите што треба да ги контролираат – во Москва, Пекинг итн.“, додаде тој.
Расмусен исто така предупреди дека ваквите поделби на Запад му одат во прилог на Кремљ.
„Убеден сум дека Москва се надева Гренланд да стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, рече тој, заклучувајќи: „Значи, ова е прашање што оди подалеку од Данска и Гренланд… Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме.“
Свет
(Видео) Подот попуштил за време на забава: се урна цел кат од зграда во Париз, има повредени
Петтиот кат на станбена зграда во 11. арондисман во Париз се урнал во текот на изминатата ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, во момент кога околу педесет лица биле собрани на забава во станот чиј под се урнал, при што 20 лица биле повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.
При уривањето на катот од зградата, кое се случило кога подот на приватен стан на петтиот кат се урнал за време на прослава, едно лице било тешко повредено и доживеало срцев застој, а 19 лица се здобиле со полесни повреди, пренесе телевизијата „БФМ“.
Un appartement du 5e étage d’un immeuble situé rue Amelot, dans le 11e arrondissement, s’est effondré sur un autre du 4e étage cette nuit. Une vingtaine de personnes sont blessées Sur place, des constatations sont faites dans le logement. @actufrparis #Paris #pompiers #logement pic.twitter.com/tHsnWLpRM4
— Antoine Grotteria (@AntoineGROTTER1) January 18, 2026
Пожарникарите од урнатините ги извлекле сите повредени, од кои итните служби пренеле 16 лица во болница.
Противпожарната бригада била известена во 00:20 часот дека петтиот кат од зградата со шест ката, на адреса улица Амело број 34, се урнал врз четвртиот кат.
По инцидентот, зградата, заедно со уште две соседни згради, била евакуирана, но станарите од двете соседни згради во текот на ноќта се вратиле во своите станови. Во интервенцијата учествувале 125 пожарникари и околу 40 возила.
Фото: илустрација
Свет
Педро Санчес: Американска инвазија на Гренланд би го направила Путин најсреќниот човек на светот
Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила рускиот претседател Владимир Путин најсреќниот човек на светот.
„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимизирала неговиот обид за инвазија на Украина“, рече Санчес во интервју за весникот „Вангардија“, пренесе „Ројтерс“.
Санчес оцени дека секоја воена акција на Соединетите Американски Држави против островот, кој е данска автономна територија, би му наштетила на НАТО и би ја легитимизирала руската инвазија на Украина.
„Ако Соединетите Држави употребат сила, тоа би била смртна пресуда за НАТО. Путин би бил двојно среќен“, заклучи Санчес.
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека нема да се задоволи со ништо помалку од сопственост над Гренланд, додека лидерите и на Данска и на Гренланд одговорија дека островот не е на продажба и дека не сака да биде дел од САД.

