Свет
Брегот на слоновата коска е на работ на геноцид
Политичките немири кои следеа по спорните претседателски избори во Брегот на слоновата коска ја доведоа оваа западноафриканска држава на работ на геноцид, изјави денеска новиот амбасадор на земјата во ОН, Јусуфу Бамба, пренесува РојтерсДолгогодишниот претседател Лорен Гбагба, кој изгуби на претседателските избори но одбива да ја предаде функцијата на новиот претседател Аласан Куатара, е под се посилен притисок од меѓународната заедница да попушти и да си замине. Амбасадорот Бамба, кој во ОН е именуван од Куатара, вели дека победникот на изборите его има сето право да биде новиот лидер на земјата.„Тој (Куатара) беше избран на слободни, фер, транспарентни, демократски избори. Резултатите беа објавени од независна избор4на комисија, овластена од ОН“, изјави Бамба по предавањето на акредитациите на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.Тој додаде дека по изборите дошло до „масивни кршења на човековите права“, а при демонстрациите по изборите се убиени преку 170 луѓе. „Затоа, една од пораките кои сакам да ги пренесам при моите разговори тука во ОН, е дека сме на работ на геноцид и дека нешто мора да се стори. Ќе се сретнам со сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН, за да им ја објаснам тежината на ситуацијата. Очекувам ОН да го задржи својот кредибилитет и да го спречи насилството и обидот изборите да му бидат украдени на народот“, вели Бамба.Изборите на 23 ноември беа со цел конечно да се обедини Брегот на слоновата коска, кој е најголем производител на како во светот, по граѓанската војна во 2002 – 2003 година. Но, спорните изборни резултати предизвикаа смртоносни улични борби и се закануваат да прераснат во отворен судир. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

