Свет
Хеликоптерска несреќа во Авганистан
Во хеликоптерска несреќа, во провинцијата Хелманд, загинале две лица
Претставник на НАТО силите во земјата, објавил дека хеликоптерот бил цивилно летало. Не биле познати причините на несреќата.Во меѓувреме, НАТО објавил дека двајца нивни војници вчера биле убиени на југот од земјата. Според нивната изјава се работело за непријателски напад. Британските и американските сили моментално водат многубројни воени операции во Хелманд, а нивните надежи на извлекување на војниците и соработниците се положени на хеликоптерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД најавија нов пакет воена помош за Украина
Владата на Соединетите Американски Држави најави голем нов пакет одбранбена помош за Украина, кој ќе вклучува ракети за системи ХИМАРС, противвоздушни пресретнувачи, артилериски гранати и друго оружје, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Американската администрација најавува доделување на нов значаен пакет помош за Украина во областа на безбедноста. САД продолжуваат да ја поддржуваат одбраната на Украина од инвазијата на Руската Федерација“, рече таа на брифинг со новинарите, пренесува Укринформ.
Портпаролката на Белата куќа не ја прецизираше вкупната вредност на новата транша помош, но нагласи дека тоа е седмиот пакет што САД го доделуваат откако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша законот со дополнителни средства за потребите на националната безбедност во април.
Свет
Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, не е можно“, беше одговорот на Песков на новинарско прашање дали Ердоган може да посредува во разговорите меѓу Москва и Киев, но тој потврди дека на денешната средба меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин „се зборувало за Украина “, пренесува РИА.
Путин и Ердоган разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Казахстан.
Регион
На Фејсбук е објавено лажно видео од премиерот Вучевиќ, реагираат надлежните органи
На социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен видео клип, или непостоечка изјава на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Како што беше најавено, вештачката интелигенција креирала непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ на сметката „Corvus01“ во која е злоупотребена неговата слика, додека со генериран глас се објавуваат податоци за непостоечки владини проекти.
Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, контактирале со компанијата Мета за да ги отстранат споменатите објави и да дадат информации за администраторот на сметката.