Македонија
Фуере:Затворот Идризово полош од бегалските кампови во Латинска Америка

Состојбата во затворот Идризово е полоша од бегалските кампови во Латинска Америка и затворите во Јужна Африка во времето пред Нелсон Мендела.
Состојбата во затворот Идризово е полоша од бегалските кампови во Латинска Америка и затворите во Јужна Африка во времето пред Нелсон Мендела. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, на заедничка прес конференција со Народниот правобранител Изет Меџити, по вчерашната посета на оваа казнена установа. „Видовме покрив што не е покрив, искршени прозорци, уништени кревети, еден тоалет за 140 луѓе. Состојбата е ужасна“, рече Фуере, истакнувајќи дека тоа е недозволиво за земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) и земја која наскоро треба да го преземе претседателството со Советот на Европа. Тој рече дека Владата се оглушила на препораките на Народниот правобранител, но и на Канцеларијата за превенција од тортура при Советот на Европа, за средување на состојбите во затворот Идризово. Фуере побара итна акција од власта за санирање на состојбите во овој затвор и обезбедување почовечни услови за затворениците. И Народниот правобранител состојбата во затворот Идризово ја оцени како загрижувачка. „Состојбите во одредени делови на затворот се на такво ниво, што не може да се замисли дека може некој во такви услови да престојува и при тоа да не биде загрозено неговото здравје“, рече Меџити, додавајќи дека ваквата состојба трае со години. Меџити упати препорака за затворање на полу-отвореното одделение на затворот Идризово и префрлање на затворениците во друг затвор. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).