Свет
Бан Ки Мун пристигнува во посета на Кипар
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун денеска ќе допатува во тридневна официјална посета на Кипар.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун денеска ќе допатува во тридневна официјална посета на Кипар.
Целта на посетата е да се поттикнат преговорите меѓу кипарските Турци и Грци заради обединувањена островот, јавија извори од ОН.
ОН се одлучни да им помогнат на лидерите на двете заедници да најдат соодветно решение за проблемот кој се провлекува од 1974 година.
Имено, Кипар пред 36 години е поделен, откако турските воени сили го зазедоа северниот дел од островот, и на тој начин го спречија присоединувањето кон Грција, каде во тој момент на власт беше воената хунта.
Кипар стана дел од ЕУ во 2004 година признавајќи ја како легитимна само власта на кипарските грци.
Последната рунда на разговори околу обединувањето на Кипар започна во септември 2008, преку директни разговори меѓу лидерите на двете заедници, Деметерис Христофијас и Мехмет Али Талата, со посредство на тогашниот преставник на ОН, Александра Даунера./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање
Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.
Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.
„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.
Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.
„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.
Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.
Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.
Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.
Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.
Свет
(Фото+видео) Украина со разорно оружје ја нападна Русија, има повредени
Во областа Тамбов во Русија, украински беспилотни летала удриле во две станбени згради во Котовск во текот на ноќта, а неколку луѓе биле повредени од фрагменти од стакло, изјави вршителот на должноста гувернер Евгениј Первишов.
Според информациите на гувернерот на руската Белгородска област, Вјачеслав Гладков, како резултат на пад на делови од соборен дрон во селото Мајски, скршени се прозорците на три приватни куќи и оштетени се покривите, како и помошен објект.
Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 85 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, 31 беспилотно летало биле уништени над Црното Море, 16 над Воронежската област и Краснодарската територија, 14 над Азовското Море, четири над Белгородската област, два над Тамбовската област и по еден над Курската област и Крим. пренесува руската агенција.
Воведени се привремени ограничувања на работењето на аеродромите во Казан, Нижнекамск и Улјановск за да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, објави Руската Федерална агенција за воздушен транспорт.
Напад на складиштето за муниција
– Во текот на ноќта Украина нападна руски магацин со муниција и извидувачки беспилотни летала користејќи ракета Нептун од домашно производство – изјави извор од Службата за безбедност на Украина (СБУ).
Според изворот, нападот кај селото Чалтир во руската Ростовска област го извршиле припадници на СБУ и на украинската морнарица.
A Ukrainian long-range Neptune missile hit a military depot in the Rostov region. First, SSU drones overwhelmed Russian air defense. Then a long-range Neptune missile was launched at the Russian military facility. pic.twitter.com/evaQnl5jKd
— ХАРКІВ_РУЛІТ (@KHARKIV_RULIT) January 11, 2025
Првично, украинските беспилотни летала наводно ја „прегазиле“ руската противвоздушна одбрана, а набргу потоа ракета Нептун ја погодила локацијата, рече изворот.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа моментот на експлозијата во Ростовската област и висока колона чад се издигнува над населбата.
Украинските сили, наводно, користеле ракети Нептун за да го уништат рускиот систем за воздушна одбрана С-400 Триумф на 14 септември и го потопиле рускиот црноморски брод „Москва“ во април 2022 година.
Напад на третиот армиски корпус на руската армија
– Украинските сили го нападнаа командното место на руската армија во Свитлодарск во Доњецката област, која беше освоена од Русија – извести на 10 јануари Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Во објава на Фејсбук, војската рече дека „успешниот удар“ бил насочен кон Третиот армиски корпус на руската армија.
Свитлодарск се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Бахмут и беше заземен од руските сили во мај 2022 година.
🚀💥The SBU and the Navy of the Armed Forces of Ukraine destroyed a warehouse of Russian drones in the Rostov region.
On the night of January 10, Ukrainian drones and a Neptune missile struck a warehouse with ammunition and reconnaissance drones near the village of Chaltyr.… pic.twitter.com/nWwInu1M8l
— ✝ ⚔️ Hunter UA ✠ 🇺🇸🇺🇦 (@UaCoins) January 10, 2025
Генералштабот не прецизираше кое оружје е употребено во нападот или степенот на штетата, но соопштија дека „се преземени сите неопходни мерки за да се ограничи ризикот за цивилите“.
Украина лансира домашни ракети и беспилотни летала со долг дострел, како и оружје што и го доставува Западот, како што се ракетите HIMARS, ATACMS или Storm Shadow.
Оваа недела, во регионот на Доњецк, вооружените сили на Украина извршија серија удари врз објекти окупирани од руските напаѓачи – додаваат од Генералштабот.
Свет
(Фото) Пожарите во Лос Анџелес не престануваат: 11 загинати, 300 илјади евакуирани, прогласена е вонредна состојба
Најмалку 11 лица ги загубија животите во разорните пожари кои беснеат низ Лос Анџелес.
Пламените јазици зафатија повеќе од 100 квадратни километри и принудија повеќе од 300.000 луѓе да се евакуираат.
Пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола огнените стихии, а се зголемува загриженоста за можно подметнување на помали пожари.
Најавената промена на ветровите се заканува дополнително да ја влоши состојбата.
Официјалните лица предупредуваат дека бројот на загинати може да се зголеми кога инспекторите конечно ќе стигнат до најтешко погодените области.
Најмалку 12.000 згради се оштетени или уништени, а повеќе од 5.600 ученици останаа без своите училишта, бидејќи најмалку 12 институции беа уништени од пожарите.
Американското Министерство за здравство и човечки услуги прогласи вонредна состојба за јавно здравје во сојузната држава Калифорнија за да ги реши здравствените проблеми предизвикани од актуелните пожари во округот Лос Анџелес.
Комесарот за осигурување на Калифорнија издаде мораториум за откажување или необновување на полисите за осигурување за станарите погодени од пожарите. Таа забрана ќе важи една година за жителите во областите погодени од пожарите Палисадес и Итон.
Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес објави дека досега се уапсени 18 лица во врска со криминални активности поврзани со пожарите во Итон и Палисадес.
„Обвиненијата вклучуваат грабеж, кражба, кражба на идентитет, поседување алатки за кражба и поседување наркотици“, изјави заменик-шерифот Мајрон Џонсон, пренесе ABC News.
Полицискиот час воведен во областите погодени од пожарите Палисадес и Итон е во сила до натамошно известување.
„ Оваа мерка е преземена за да се подобри јавната безбедност, да се заштити имотот и да се спречи грабежот во областите каде што жителите се евакуирани “, рече Џонсон.