Свет
Дваесет иосум кинески рудари заробени во јама
Дваесет иосум рудари останаа заробени во јама откако поради поплави дошло до одрон при што останал затрупан влезот во рудникот во кинеската провинција Сечуан, пренесе Ксинхуа. Во моментот на несреќата во рудникот се наоѓале 41 рудар од кои 13 успеале да се спасат
Спасувачите трагаат по останатите 28 рудари за кои не е познато во каква здравствена состојба се наоѓаат, а во рудникот се поставени пумпи за црпење на водата, чие количество во рудникот се проценува на 4.000 кубни метри.Во рудниците во Кина само во 2009 година настрадаа повеќе од 2.600 рудари, а пред неколку месеци кинескиот премиер Вен Џијабао им нареди на сите шефови на рудниците во јамите да влегуваат заедно со рударите или во спротивно ќе следат ригорозни казни.Јагленот во Кина носи 70 отсто од целата енергија, земја со недостиг од енергетски ресурси, каде рударската професија е една од најопасните во светот поради сиромашните сигурносни стандарди во работата и интензивниот работен план.Околу седум илјади луѓе гинат годишно во несреќи предизвикани во рудниците за јаглен во земјата. Кина се труди да ги затвори помалите рудници или да ги земе во своја сопственост, како дел од поголемите рудници, за да се избегнат честите трагедии. Во кинеските рудници смртноста е многу голема, поради застареноста на инфраструктурата и слабите безбедносни мерки, а само мината година во нив животите ги загубиле околу 2.700 рудари.Несреќите во кинеските рудници за јаглен се мнову чести, речиси секоја седмица последниве години се случува несреќа во која гинат десетина рудари. Во 2008 г. во вакви несреќи загинале 3.215 кинески рудари, но се смета дека неофицијалната бројка е многу поголема. Само во декември 2009 г. месец, во несреќа на сервероисток на Кина загинаа 108 рудари, што беше најтешката несреќа во кинеските рудници во последните две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

