Македонија
Состанок на Јадранската група во Скопје, Србија не учествуваше како набљудувач
Регионалната соработка, периодот по самитот на НАТО во Лисабон и состојбата во Авганистан беа во фокусот на состанокот на Партнерската Комисија на Повелбата за партнерство, одржана денеска во Скопје.Покрај учеството на петте земји членки на Повелбата и САД, на состанокот беа поканети Србија и Косово. Властите во Приштина ја прифатија поканата, додека од Белград единствено дошол одговор дека нивни претставници нема да учествуваат на денешниот состанок во Скопје.„Би сакал да истакнам од македонска страна дека ова беше добра прилика да бидат поканети и двете соседни земји, Косово и Србија. Сметаме дека е добра можност на вакви едни регионални форуми да се разговара заеднички за стабилноста на регионот, но и за имиџот на регионот како една заедничка цел и приоритет. Задоволни сме што имаме претставник од владата во Косово и се надеваме дека за време на следните претседателства ќе имаме прилика на заедничка маса да имаме претставници и од Косово и од Србија“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Македонија. „Јас искрено се надевам дека во периодот кој е пред нас, полноправно членство ќе биде обезбедено и за Србија и за Косово во рамки на Јадранската повелба“, изјави Милан Роќен, шеф на црногорската дипломатија.Претставниците на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора разговараа за зајакнување на цивилното присуство во Авганистан, кое би било во насока на пренесување на одговорноста на авганистанските власти за безбедноста во земјата. „Присуството во Авганистан не е доволно само во една воена и безбедносна форма, туку дека многу е потребно секоја земја која што има капацитет да го зајакне своето цивилно присуство или присуство со обучувачи на авганистанската полиција и армија во следниот период. Главната цел не е само постигнувањето на поголема стабилност во одредени кризни подрачја, туку главната цел е една трансформација, пренесување на главната одговорност за безбедноста на Авганистан на нивните безбедносни сили“, изјави Милошоски.Американскиот амбасадор Филип Рикер, потсетувајќи се на неодамна починатиот дипломат Ричард Холбрук, рече дека тој бил среќен да види ваков собир во регион на кој посвети дел од својата кариера. „Тој беше голем пријател на овој регион и мислам дека тој би бил многу трогнат денеска да го види овој собир во регион на кој посвети толку многу од својата работа и го наметна своето лидерство низ годините за да донесе мир и просперитет на овој дел од Европа и истовремено, да ги имаме овие претставници да дискутираат за придонесување за безбедноста во Авганистан и мисијата ИСАФ таму, регион на кој амбасадорот Холбрук се посвети толку многу во последните години“, изјави Рикер, кој ја напушти заедничката прес-конференција пред нејзиното завршување.Шефот на албанската дипломатија, Едмонд Хаџинасто, од своја страна, изрази надеж дека Македонија што поскоро ќе стане полноправен член на НАТО. „Го изразивме нашето уверување дека новото црногорското претседателство ќе биде исто така успешно и ќе одбележи постигнување на прогрес на сите земји од целиот регион кон повисоки параметри на мир, стабилност и развој“, изјави Хаџинасто. Предвидено е во првата половина на 2011-та година Црна Гора од Македонија да го преземе претседателството со Повелбата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

