Македонија
Две третини од плата одат на потрошувачката кочничка

Еден просечен вработен Македонец, доколку претходно ја покрие потрошувачката кошничка, за останатите потреби му преостануваат околу 110 евра
Еден просечен вработен Македонец, доколку претходно ја покрие потрошувачката кошничка, за останатите потреби му преостануваат околу 110 евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата по работник за јануари изнесуваше 19.616 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци беа пониски од просечната нето-плата за 6.782 денари, односно за 34,6 отсто.
Просечната нето-плата по работник за февруари изнесуваше 19.598 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12.756 денари за задоволување на останатите потреби остануваа 6.842 денари, односно 34,9 отсто.
Најголем остаток од 6.930 денари, односно за 35,1 отсто е забележан во март, кога вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12.816 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 6.930 денари,
Државниот завод за статистика напоменува дека од јануари 2009 година, со примена на концептот за бруто-плати, настанаа структурни промени во податоците за нето-платите со вклучување на надоместоците за храна и превоз во платите. Заради ваквите промени, при споредба на податоците за платите од 2009 година со податоците од претходните години, треба да се земе предвид и овој факт. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски до oџата од Бутел 2: Треба да проповедаш за тоа што учи Исламот, а не да кажуваш да не се гласа за мене само затоа што сум Македонец

Кандидатот за втор мандат за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, остро реагираше на денешната петочна проповед во џамијата во Бутел 2, обвинувајќи го оџата дека повикал верниците Албанци да не гласаат за него затоа што е Македонец. Во објава на „Фејсбук“, Костовски порача дека народот сака развој и проекти.
„Сакам лично да го поздравам оџата од џамијата во Бутел 2.
Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Aлбанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е Mакедонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел)
Што ти пречи оџа ?
Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ?
Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ?
Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ?
Тоа што Визбегово доби ново училиште ?
Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ?
Тоа што пред Нова година ќе удриме камен темелник на нова поликлиника ?
И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај Aлбанците само затоа што се Албанци ?
Еден куп Aлбанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.
Да знаеш дека во недела, целиот народ меѓу кои и Албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.
Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца“, се вели во објавата на Костовски.
Македонија
Друштвото на писатели бара што поскора санација на спомен куќата на Владо Малески

Од Друштвото на писателите на Македонија велат дека будно и со длабока загриженост го следат случајот со спомен куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина.
Куќата на Владо Малески, еден од деветмината основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добробит се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на културно наследство и Комисијата за управување со Охридскиот регион.
„Со оглед на тоа што една од основните заложби на Друштвото на писателите на Македонија е грижата за книжевното и културното наследство што ја негува колективната културна меморија и го афирмира ликот и делото на неговите основачи, воедно и втемелувачи на современата македонска државност и култура, Управниот одбор на Друштвото на писателите на Македонија бара од надлежните институции координирано да овозможат да се преземат сите неопходни мерки за што поскора санација на настанатата штета и враќање на спомен куќата на Владо Малески во Струга во нејзината првобитна состојба“, се наведува во соопштението.
Од таму велат дека советниците, директорите, градоначалниците и функционерите се менуваат, но Друштвото на писателите на Македонија останува тука, и ќе продолжи да го следи текот на развојот на овој нестан, и во никој случај нема да дозволи оваа небрежност и предмет да залута по бирократски лавитинти и ќорсокаци, туку ќе продолжи да инсистира на преземање на сите неопходни мерки сè додека не се дојде до конечна позитивна разрешница.
Македонија
Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка. Станува збор за обвинението против реалниот сопственик на фирмата за обезбедување на дискотеката.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, соопшти Судот.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување.