Македонија
Одбраната: Заев не ги примил парите и сé било завршено законски
Градоначалникот и лидерот на најголемата партија во опозицијата, Зоран Заев, не ги примил парите за коишто се товари за поткуп, постапките за откуп на градежното земјиште биле законски завршени и не може Обвинителството да го товари Заев за поткуп и за обид за поткуп.
Ова се основите на коишто се темелеше одбраната на адвокатите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кривичното дело поткуп, на седницата за оценка на обвинителниот акт покренат од страна на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, на којашто не присуствуваше осомничениот Заев.„За да стане збор за обвинение за поткуп треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие кое е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, рече адвокатот на Заев, Филип Медарски, кој додаде дека не може да осомничениот да се товари и за поткуп и за обид за поткуп.Објавувањето на снимката во јавноста на којашто се гледа како Заев и струмичкиот бизнисмен Иво Николов договараат легализација на земјиште, според одбраната, ја нарушува приватноста на Заев и судот не треба да ја земе предвид како доказ, смета Медарски.Застапаникот на обвинението, Владимир Милошевски, пак, рече дека постојат доволно докази за судот да донесе осудителна пресуда за Заев.Заев се товари за барање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште, од кои половината би биле за изградба на црква. Земјиштето поради кое е отворена истрагата се наоѓа во индустриска зона во Струмица. Бизнисменот тврдел дека Заев му барал 200 илјади евра за да се заврши легализацијата на земјиштето, 100 илјади евра за градоначалникот и 100 илјади евра за изградба на црква во Струмица.Заев тврди дека во овој случај немало примопредавање пари и дека пријавувачот никогаш не му дал поткуп. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го „намести“ и поднесе кривична пријава против бизнисменот.Во вторникот судот го прифати обвинителниот акт за случајот „Пуч, во којшто Заев е четвртообвинет за насилство спрема највисоки државни органи. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

