Свет
Давутоглу:Воен напад врз Иран би бил катастрофа
Воен напад на Иран би бил катастрофа, оцени во петок турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
Воен напад на Иран би бил катастрофа, оцени во петок турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.„Воениот удар е катастрофа. Тоа не смее да биде опција, посебно во овој момент на историска пресвртница во нашиот регион“, рече Давутоглу во вашингтонскиот институт за меѓународни односи.„Ние никогаш, никогаш нема да прифатиме било каков воен напад“, додаде шефот на турската дипломатија. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.