Македонија
Конференција „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“

Национална конференција насловена: „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“, во вторник ќе го одбележи крајот на проектот финансиран во рамките на Европскиот инструмент за човекови права (ЕИДХР).
Предвидено е на настанот обраќање да имаат Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ, Сафет Незири, заменик министер за образование и наука, каско и Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ.
Националната конференција има за цел да ги сумира резултатите од проектот финансиран од ЕУ кој е фокусиран на застапување на политики и подобрување на теоријата и праксата во градењето на мирот во заедницата.
Проектот поддржан од ЕУ исто така има за цел да создаде простор за меѓуетнички соживот и прмоција на младите како сериозни партнери за постигнување на позитивни промени.
На конференцијата ќе биде дискутирана и имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование.
Покрај тоа, различните засегната страни, присутни на конференцијата, ќе разменат ставови за различни искуства, добри практики, постигнати резултати и предизвици. Заклучоците и препораките од конференцијата ќе се користат за спроведување на Стратегијата за интегрирано образование, во наставните програми и активности, но и надвор од училиштата.
Исто така на Конференцијата ќе бидат донесени конкретни препораки, заклучоци и иницијативи за подобрување на младинскиот активизам во промовирањето и практиката на меѓуетнички дијалог, толеранција и соживот со воведување на инвентивни приоди и активности во формалното и неформалното образование.
Проектот е имплементиран од страна на Женската Граѓанска Иницијатива Антико и Мултикултура. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба Бутел.
Од таму велат дека во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот“.
„Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, соопшти полицијата.