Свет
Повеќе од 100 загинати во борбите на југот од Либија
Повеќе од стотина лица се убиени а илјадници морале да ги напуштат своите живеалишта поради борбите на југот од Либија, соопштија во понеделникот хуманитарните агенции на Обединетите нации.
Повеќе од стотина лица се убиени а илјадници морале да ги напуштат своите живеалишта поради борбите на југот од Либија, соопштија во понеделникот хуманитарните агенции на Обединетите нации.„Повеќе од сто лица се убиени во борбите а половината од населението од Ал Куфра се наоѓа во бегалство“, соопштија хуманитарните агенции на ОН во заедничкото соопштениет објавено откако од теренот се врати мисијата за утврдување на ситуацијата. Единиците на либиската армија се втабориле во градот за да го обезбедат мирот, пренесува AFP. Изминатите две седмици во Ал Куфра, во близина на границата со Судан и Чад, беа убиени десетици луѓе откако избувна долгогодишното насилство меѓу племињата Тибу иу Зваи што прерасна во оружени судири.Началникот на генералштабот на либиската армија, Јусеф ал- Мангуш кон крајот на минатата седмица изјави дека либиските сили интервенирале за да ги сопрат борбите, но претставниците на спротиставените племиња изјавија дека борбите продолжиле. Градот Ал Куфра пред немирите имаше 40 илјади жители, а се наоѓа на стратешки важната сообрајаќница кон Чад, Судан и Египет. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Свет
Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта
Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави денес Ројтерс.
Соединетите Американски Држави станаа водечки европски снабдувач со нафта и гас, а американските компании се стремат да го зголемат тој удел во време кога Европската Унија сака целосно да го прекине преостанатиот увоз на руски енергетски производи.
Пораката од американските претставници на енергетската конференција во Атина оваа недела го нагласува пресвртот во политиката на САД под администрацијата на Трамп, која ги олесни еколошките прописи и ја истакна „доминацијата“ на нафтата и гасот како централен двигател на американската економија и меѓународното влијание.
„Едноставно не функционира“, рече американскиот министер за енергетика Крис Рајт за префрлањето кон обновлива енергија на конференцијата, каде што американските компании објавија договори за снабдување и дупчење за гас во Европа.
Тој истакна дека светот потрошил помеѓу 4 и 8 билиони долари за поврзување на сончевата и ветерната енергија со мрежата, но дека минатата година таквите извори сè уште сочинувале само 2,6 проценти од глобалната енергија.
Рајт, исто така, рече дека сака САД да ја заменат „секоја молекула“ руски гас што сè уште тече во Западна Европа.
САД произведуваат над 20 милиони барели нафта и течни нафтени деривати дневно, односно секој петти барел во светот.
Изјавите на САД се во остра спротивност со целите на голем број земји од ЕУ, кои оваа недела се согласија да ги намалат емисиите за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, иако ова беше ублажено во споредба со претходните цели.
фото: принтскрин

