Македонија
Владата не ја коментира колумната на Али Ахмети
Владата не ја коментира колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети напишана во дневниот весник „Дневник“ во која пишува дека сега е време за големи и храбри одлуки, односно решавање на името за да влезе Македонија во НАТО.
Портпаролот на Владата, Александар Георгиев вели дека Владата останува посветена на решавањето на спорот за името и е силно фокусирана кон исполнување на сите европски стандарди.
„Владата посебно не расправа ниту пак коментира за колумни или определни јавно искажани ставови. Се разбира дека тоа е колумна којашто е напишана од претседател на голема политичка партија. Ние не би можеле посебно да ја коментираме, но би можеле посебно да ги соопштиме позициите на владата кои се повеќе пати истакнати. Ние сме максимално посветени, покажуваме силен активизам и одговорен однос кон европските и евроатлански интеграции на Македонија. Дека сме силно фокусирани кон исполнување на сите европски и евроатлански стандарди и надминување на сите отворени прашања коишто стојат на патот на европските и евроатланските интеграции согласно принципите и процедурите кои се јавно искажани и државните и национални интереси на Македонија“ изјави Георгиев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

