Регион
Младиќ добил предлог да го поткупи Клинтон
Бегалецот пред Хашкиот трибунал генералот Ратко Младиќ, планирал во 1995 г. да го пресели срспкиот народ од Република Српска и да создаде друга држава
Белградски Блиц ексклузивно донесува фрагменти од пронајденито воен дневнига на геенралот на восјакат на Република Српска, Ратко Младиќ, во кои тој ја заппишал средбата со Бранко Тупањац, американски бизнисмен од српско потекло. Како што пренесува Блиц во дневникот пишувало: „Донесов повеќе од два милиона парчиња лекови и уште три илјади долари за војската на Република Српска“, рекол соговорникот на Младиќ во белградскиот хотел „Москва“, во 1995 г. Тупањац според овие записи му тврдел на Младиќ дека може да се зидејствуа одмрзнување на 200 милиони доалри заробени со санкциите, за плаќање од 50 милиони долари. „Големиот бос, Клинтон, го одобри тоа“, наводно стои во белешката на српскиот генерал. Тупанњац зборувал наводно и за преселување на народот што би чинелоосум милијарди доалри. „Клинто рече но проблем, четири милијарди, другото ќе го даде Европа. Ако САД би кажале напред, тогаш нема проблеми. Со осум милијарди би можело да се направи држава, Србите ќе ги испрашат Муслиманите и Хрватите“, според Блиц било запишаното размислување на соговорниците во хотелот „Москва“. Тупањац го уверувал Малдиќ дека на почетокто биле потребни десет милиони долари и тогаш би можеле да се поткупат сто до 200 конгресмени и сенатори. „Туѓман пушти во САД 17 миилиони долари и ги купи сенаторите. Нам сега ни се потребни 50 до 100 сенатори кои треба да ја кажат вистината“, забележал Младиќ во неговиот дневник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

