Општество
Студентски пленум: СПУКМ да почне посериозно да ги претставува интересите на студентите
Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува интересите на студентите на најголемиот државен универзитет во Македонија, наместо само да организира студентски забави и манифестации кои немаат за цел подобрување на положбата на студентите во Македонија, сметаат од Студентската иницијатива „Студентски пленум“.
„Сметаме дека е поразително што официјалната студентска организација, која се финансира директно од финансиските средства на студентите кои студираат на факултетите при УКИМ преку ставката ИКСА, досега не застана на страна на студентите кои бараат да не се воведе екстерен испит кој само дополнително ќе ги оптовари студентите и ќе ги спречи оние кои нема да прикажат позитивни резултати да го продолжат своето студирање“, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.
Од таму велат дека до сега СПУКМ како организација нема излезено со никаков став во јавноста на темата државен испит-мерка која, според „Студентски пленум“, нема да донесе никаков квалитет во високото образование и само ќе го попречи образовниот процес на многу млади луѓе во Македонија.
Во соопштението се напоменува дека „Студентскиот пленум“ не го признава СПУКМ како легитимен претставник на студентите.
Студентската иницијатива во среда (05.11) постави табли на патот кон средно Водно со цел, велат од таму, потсетување на СПУКМ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми. Поводот за оваа акција била организирањето на студентско планинарење на Водно од страна на СПУКМ, кое е задолжително за студентите од прва година од УКИМ.
„Оваа акција на „Студентскиот пленум“ е најава за понатамошните активности на оваа иницијатива, чија главна цел е спречување на воведување на државен испит во високото образование“, се вели во соопштението.
„Студентскиот Пленум“ е автентична студентска иницијатива која има за цел да ги обедини студентите во Македонија во одбрана на нивните права. „Студентскиот Пленум“ е составен од студенти кои активно се вложуваат во борбата за студентските права. Во него можат да учествуваат сите студенти кои сакаат да бидат дел од заедничката борба, но притоа секој е должен да пристапи како индивидуалец без никакви партиски влијанија.
Секој во Студентскиот Пленум има право јавно да го изложи своето размислување и притоа да биде слушнат, понатаму секој има право да се вклучи во било која работна група при Студентскиот Пленум- но при тоа во таа група активно да се вложи.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

