Свет
Нови насилства во Сирија и по истекот на ултиматумот на Арапската лига

Само неколку часа по истекот на ултиматумот на Арапската лига со кој се повикуваше на прекинување на репресииите во безредијата во Сирија, во насислтвото во земјата смртно настрадаа уште 16 лица, од кои 11 се цивили.
Само неколку часа по истекот на ултиматумот на Арапската лига со кој се повикуваше на прекинување на репресииите во безредијата во Сирија, во насислтвото во земјата смртно настрадаа уште 16 лица, од кои 11 се цивили.Во меѓународната заедница сѐ погласни се предупредувањата дека Сирија се ближи кон граѓанска војна. Необрнувајќи вниимание на ваквите предупредувања, режимот во Дамаск презема насилни акции за справување со демонстрантите коишто бараат заминување на претседателот Башар ал-Асад. Според Опсерваторијата за чпвекови права со седиште во Лондон, во саботата во разни делови од Сирија биле убиени 11 цивили. Седум настрадале во напад на војската во Кафр Такрем во севорозападната покраина Идиеб, а две лица биле убиени во судири меѓу војската и дезертерите во Кусеира. Еден цивил бил убиен во напад од заседа во Хомс, а уште еден при претрес на домови во градот Хама. Според регионалната Комисија за координација на опозициските сили во Сирија, сириската армија упаднала во градот Шезар во покраината Хами, претходно гранитарајќи го градот со тешко оружје, а потоа почнале претресите. Во саботата дезертираните војници убиле четворица припадници на сириските безбедносни сили во средишниот дел од земјата.Во петокот илјадници Сиријци се собраа во главниот град Дамаск по петочните молитви да му изразат поддршка на ал-Асад и неговата најава за спроведување на програмата за политички реформи.Демонстрантите, исто така, протестираа против какво и да е странско мешање во внатрешните работи на Сирија, како и против одлуката на Арапската лига да го суспендира членството на земјата.Опозицијата и западните земји ги обвинуваат сириските безбедносни сили дека стојат зад убиствата во земјата, но владата обвинува дека станува збор за исклучоци, во кои се инволвирани саботери и вооружени терористички групи кои го поттикнуваат насилството во кое има жртви, истакнувајќи дека немирите се раководени од странство.Повеќе од 3.500 лица се убиени во Сирија од средината на март, кога земјата ја зафати бранот протести против владата, објави пред десетина дена официјален претставник на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.Според сириската опозиција бројот на жртвите од судирите во земјата надминува четири илјади луѓе. Сириската власти, пак, тврдат дека судирите се испровоцирани од вооружени групи кои се поддржани и уфрлени од странство, а дека бројот на загинати не надминува повеќе од 1.500 мртви од двете страни, од кои најмалку 1.100 се припадници на сириските безбедносни сили.Сириската опозиција која е организатор анти-владините протести, бара неодложна оставка на претседателот Башар ал-Асад. Ова барање е поддржано и од САД и земјите на Европската унија кои воведоа голем број економски санкции против Сирија.Минатата седмица сириските власти соопштија дека безрезервно го прифатиле арапскиот план за излез од кризата на министерскиот состанок на Арапската лига кој се одржа во минатата среда во седиштето на организацијата египетската престолнина Каиро.Во Сирија изминатите осум месеци континуирано се одвиваат анти-владини протести, кои започнаа во средината на март во јужниот дел на земјата, во градот Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.