Свет
Битолската болница наплатувала за инсулинска терапија

На болните што користеле инсулинска терапија битолската болница незаконски им пресметувала маржа од 13 отсто, што е спротивно на Законот за здравствено осигурување, утврдил Државниот закон за ревизија во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
На болните што користеле инсулинска терапија битолската болница незаконски им пресметувала маржа од 13 отсто, што е спротивно на Законот за здравствено осигурување, утврдил Државниот закон за ревизија во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
Ревизорите констатирале големи неправилности во набавката на болнички лекови. Преку болничката аптека во центарот се правеле големи и незаконски резерви на лекови и на медицински материјали. Не бил склучен договор со Фондот за здравствено осигурување за видот, обемот и за квалитетот на здравствените услуги, како и за начинот на пресметување и плаќање на услугите. Наплата се вршела авансно, во износи за плата, а не во висина на вистински извршени здравствени услуги. Планот на трошоци и приходи за минатата година биле нереално прикажани. Набавката на лековите се вршела од страна на клиниките, а не преку болничката аптека, поради што ревизорите не можеле да ја утврдат веродостојноста на договорите за набавка. Болничката аптека нема податоци за реалните резерви на материјали на секоја од клиниките, ниту за испорачаните лекови до амбулантите. Од 1 јануари 2001 година до 30 јуни 2005 година биле исплатени 178.775 денари повеќе од реално извршените здравствени услуги. Малверзации се правеле и со парите и договорите за изведување градежни зафати во болницата, како и со вработувањата.
Ревизијата е направена за периодот кога во болницата директорувал д-р Дејан Ристевски, сегашниот в.д директор.
А. Г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прекинати летовите на главниот аеродром во Бангладеш, избувна пожар

Властите во Дака ги прекинаа сите летови на Меѓународниот аеродром Хазрат Шахџалал, главниот аеродром во Бангладеш, по пожар во товарниот дел. Талха Бин Засим, портпарол на Противпожарната служба и Одделот за цивилна одбрана, изјави дека 32 противпожарни возила биле распоредени за гаснење на пожарот, кој започнал денеска попладне.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш ги прекина сите летови веднаш по инцидентот, наведувајќи дека операциите ќе останат запрени до понатамошно известување.
Покрај националната противпожарна служба, единици од Воздухопловните сили и Морнарицата на Бангладеш се придружија на напорите за гаснење на пожарот, според Одделот за односи со јавноста меѓу службите.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Снимките од местото на настанот покажаа црн чад како се извишува над аеродромот.
Како одговор, државната авиокомпанија „Биман Бангладеш ерлајнс“ пренасочи четири од своите летови, кои требаше да слетаат во Дака, кон аеродромите во Силхет и Чатограм.
Свет
Од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи

Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“.
“Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја.
Додава дека од албанските алпи до долгата крајбрежна линија, земјата нуди комплетен туристички пакет за секој тип туристи, а секоја година се шири и мапата на земјите од кои доаѓаат.
“Туристите ја избираат Албанија не само поради нејзините прекрасни плажи и поволната клима, туку и поради нејзините планински предели со импресивни природни пејзажи, антички градови со историска и културна вредност, како и нејзиното гостопримство и традиционална кујна”, оценува тој.
Според него туризмот станал активност што трае цела година и не само што генерира значителни приходи за економијата, туку ја промовира Албанија како дестинација што е посетувана во текот на цела година.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи, што, посочува Гонџа, ќе бидат остварени.
Свет
Во експлозија на фабрика во Русија загинаа три жени

Три жени загинаа во експлозија што се случи вчера во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкортостан во југозападна Русија, изјави денеска гувернерот Радиј Хабиров.
-За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната поддршка, а ќе биде исплатена и отштета. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, објави Хабиров на социјалните мрежи.
Уште пет лица се хоспитализирани – две со сериозни повреди и три со умерени, но гувернерот потврди дека нивните животи не се во опасност.
Хабиров рече дека една од зградите е уништена во експлозијата и потврди дека немало напад со дрон.