Општество
ВМРО-ДПМНЕ: На СОНК не е вршен притисок, треба да се врати на социјалниот дијалог
На СОНК во ниеден момент не му е попречено правото на штрајк кое што впрочем е и гарантирано со Уставот, ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат во образованието воведе значително голем број на проекти, преку кои им се олесни текот на образованието на професорите, учениците и студентите, а притоа и на нивните родители, реагираа во саботата од владејачката партија.
„ Доколку намерите на СОНК се искрени и без никаква заднина, а најмалку политичка, синдикалното раководство конечно треба да прекине со повиците за штрајк и да се врати на постојниот социјален дијалог, кој и досега одлично функционираше и заедно придонесувавме за унапредување на состојбите“, порачаа во писмената изјава од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на претходната изјава на опозицскиот СДСМ, преку Петар Атанасов, кој ја обвини власта дека правела притисок врз членови на самостојниот синдикат на вработени во образованието СОНК поради најавениот протест на 29-ти ноември во врска со измените во законот кои предвидува нивно заменување во услови на штрајк.Од владејачката партија којашто на власт е последните осум години набројуваат дека „во периодот од 2006 година до 2014 го зголеми буџетот за 67 отсто, односно од 13,5 милијарди денари во 2006 на 22,4 милијарди денари во 2014 година. Во периодот од 2006 до 2014 година изградени се над 40 нови основни училишта, извршена е санација и реконструкција во над 200 основни училишта, изградени се 4 нови средни училишта, извршена е санација и реконструкција во 70 средни училишта, изградени се нови 39 училишни спортски сали за потребите на учениците, отворени се 2 нови државни универзитети и 25 нови факултети, се набавуваат над 80 лаборатории за високообразовните и јавните научни установи во вредност од 1,6 милијарди денари.Воведено е бесплатно образование за сите, бесплатни учебници за сите ученици од основно и средно образование. Воведен е проектот компјутер за секое дете, воведени се дисперзирани студии во поголемиот дел од градовите во Република Македонија, се реализира проектот “1000 книги”, редовно се исплаќаат стипендии, основан е Фонд за иновации и технолошки развој и уште многу други проекти.Компаративно ако во 2000 година најниската плата во образованието изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари. Оваа 2014 година, предвидено е зголемување за дополнителни 4 отсто, за што се предвидени и средства во државниот буџет. Според законот за работни односи за период од 4 години реализирани се речиси 7.000 трансформации, во кои е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради транспарентност и заштита на правата на вработените. Се доделуваат стипендии за наставниците кои ќе се запишат на еден од 200-те најреномирани светски универзитети“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.