Свет
Египет трајно го отвори граничниот премин Рафах
Египет денеска трајно го отвори граничниот премин Рафах на границата со Појасот Газа.
Египет денеска трајно го отвори граничниот премин Рафах на границата со Појасот Газа.
Египетската власт повторно го отвори преминот, а први во Египет влегоа автобус со петнаесет патници од Појасот Газа, како и две возила за брза помош.
Египетскиот министер за надворешни работи Набил ал-Араби најави кон крајот на април дека повторно трајно ќе го отвори тој премин истакнувајќи дека таа одлука треба да придонесе за ублажување на блокадата која Израел ја воведе за Појасот Газа.
Израелските и американските власти го засилија притисокот врз Египет да даде гаранции дека отворањето на границата нема да овозможи шверц на оружје и милитанти на палестинска територија./крај/хн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка го запира издавањето визи за 75 земји
Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент.
Според извештајот, меѓу погодените земји се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.
Фокс њуз јавува дека со дописот до американските амбасади им се наложува да ги одбиваат визите во согласност со постојниот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.
Запирањето на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот американски претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на должност во јануари минатата година.
Во ноември, Трамп се заколна дека трајно ги запре миграциите од сите земји од третиот свет, откако авганистански државјанин пукал од огнено оружје во близина на Белата куќа и убил припадник на Националната гарда.
Многу авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД во 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за оние кои работеле со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран жестоко и се закани на Америка: „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде.
Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири.
„Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
„Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, рече Насирзаде на состанок за безбедност, според Press TV.
Тој, исто така, ги предупреди земјите што даваат помош во секој напад врз Иран дека тие „ќе бидат легитимни цели“.
„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, рече Насирзаде.
Закана за напад врз бази
Претходно денеска, иранскиот режим изјави дека, во случај на интервенција на САД, ќе ги нападне нивните бази.
Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на регионалните држави, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во овие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од овие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
Свет
(Видео) Иран заплени десетици „Старлинк“ антени
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби.
Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“.
Iran seizes LARGE cache of of Starlink equipment
It was seized on Jan 13 at the border coming in from 'neighboring country' in the region
It included receivers, signal boosters, modems, and next-gen mobile phones
(@IntelRepublic Telegram) pic.twitter.com/d4SlfT0AWZ
— Roberto Botella (@botella_roberto) January 14, 2026
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот е веќе шести ден. Како одговор на тоа, Иранците се свртуваат кон „Старлинк“, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.

