Свет
Рекордно вселување во Велика Британија
Миграцијата во Велика Британија минатата година достигнала рекордно ниво, покажуваа официјалните податоци објавени во четвртокот.
Миграцијата во Велика Британија минатата година достигнала рекордно ниво, покажуваа официјалните податоци објавени во четвртокот. Во 201 година во Велика Британија се доселиле 252 илјади луѓе, а тоа претставува најголема бројка откако се следи бројот на доселениците, соопшти државното биро за статистика ONS.Британската влада објави дека до идните избори коишто ќе се одржат во 2015 година, сака да го намали бројот на имигрантите кои доаѓаат на подолго време, и тоа на помалку од стотина илјади за година. Податоците не бирото покажале дека вкупниот број луѓе коишто влегле во Велика Британија минатата година се задржал на 591 илјада, а бројот лица коишто заминале од земјата изнесува 339 илјади, што е најмалку од 2001 година. Како главната причина за доселувањето во Велика Британија и натаму се наведува образованието, а бројот на ваквите доселеници се зголемил од 211 илјада во 2009 година на 238 илјади лица во 2010 година. Помалку луѓе се отселиле од Велика Британија поради работата. Таа бројка е најмала во последните пет години, во 201о година изнесувала 174 илјади, а една година порано – 203 илјади. Британскиот министер за доселеници, Дамиен Грин, ги оправдува овие бројки нагласувајќи дека владата уште може да ја оствари својата цел. „Најновите квартални податоци покажуваат намалувањето на бројот издадени студентски и работни визи во споредба со една година претходно, а тоа е првиот сигнал дека нашата политика почнува де делува“, се наведува во писмената изјава на Грин, што ја цитира Reuters./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

