Македонија
?????????? ?????? ? ? ????? ????? ???? ????????? ?????? ??????????
Градењето на спомениците на Александар Македонски, поддршката од страна на македонската влада на здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, пишувањето во македонските учебници дека одлуката на самитот во Букурешт за Македонија била неправедна
Градењето на спомениците на Александар Македонски, поддршката од страна на македонската влада на здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, пишувањето во македонските учебници дека одлуката на самитот во Букурешт за Македонија била неправедна, именувањето на аеродромот „Александар Велики“, именувањето на стадионот „Филип Втори“, Македонската енциклопедија.
Марија Телалиан, правен советник во МНР на Грција сите овие аргументи ги наведе против Македонија пред судот во Хаг, велејќи со ова дека Македонија ја прекршила Времената спогодба, односно членот шест и седум.
Со ова, според неа, Македонија го покажала нејзиниот иредентизам и не презела никакви мерки за да оствари добрососедски односи.
Во својот настап пред Меѓународниот суд за правдата, Талелиан истакна дека грчката Канцеларија за врски во Скопје многу пати била оштетена и дека Македонија не презела никакви чекори и не одговорила на ниедна протестна нота на Грција.
Исто така, за прекршување на Времената спогодба Грција го истакна градењето на спомениците на Александар Македонски во Прилеп и Штип.
„Подносителот не ги спори овие факти, наместо тоа поднесува аргументи дека имињата и статуите на најважните историски личности од елинизмот не се опфатени со третиот став од членот седум“ рече Талелиан.
Професорот по меѓународно право Алан Пеле во своето излагање рече дека во овој спор треба да се примени меѓународното начело за урамнотеженост.
„Се работи за многу важно начело кое воспоставува рамнотежа меѓу две страни во еден реципрочен однос. Ако една страна ги исполнува своите обврски, не смее да си дозволи да го искористи неисполнувањето на обврските на другата страна, тоа е максимата на урамнотеженост“ рече Пеле.
Со ова заврши првиот дел од излагањето на Грција во врска со тужбата што ја поднесе Македонија против Грција пред Меѓународниот суд.
Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.
Вториот круг од усната расправа ќе се одржи следната недела. Се очекува конечната пресуда судот да ја донесе најдоцна наесен./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

