Македонија
Јовчевски: Ин витро оплодување ќе се спроведува повторно од март
Во тек е постапка за набавување на нови медиуми за спроведување на ин витро оплодување и истата таа постапка ќе биде реализирана во текот на март“ изјави директорот на гинеколошката клиника Сашо Јовчевски
Во тек е постапка за набавување на нови медиуми за спроведување на ин витро оплодување и истата таа постапка ќе биде реализирана во текот на март“ изјави директорот на гинеколошката клиника Сашо Јовчевски.
Претходниот тендер за набавка на медиуми бил реализиран јули 2009 година, но не дошло до потпишување на истиот од технички причини, и во тек е постапка на отворање на нов тендер кој е од првиот квартал на буџетските средства. Во моментот не се прават листи на чекање.
„Сега се прави програма за ин витро врз база на буџетот за 2010 година и сите пациентки кои ќе влезат во таа програма ќе бидат повикани јавно и транспарентно, и ќе им биде изработен ин витро циклусот“ изјави директорот но не можеше да ја прецизира бројката на жени кои ќе бидат во програмата.
Во 2009 година се извршени 146 ин витро оплодувања, а последното било направено на 3 јануари 2010 година./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Ѓорче Петров без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од на ул.Црногорска бр.55, 57, 59, 16 (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново
Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат, истакна вицепремиерот Николоски на пуштањето во употреба на експресениот пат Градско – Дреново.
Но со посветен работа, со огромна подршка на премиерот успеавме за месец дена да го решиме тоа што претходната влада не успеа за година и половина и денеска да имаме завршен експресен пат, додаде вицепремиерот Николоски.
“Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендума, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.
Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.
Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти”- се обрати пред присутните вицепремиерот Александар Николоски.
Македонија
Се очекува и утре да вее снег – прогноза за времето до крајот на неделата
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.
Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.