Македонија
Центарот во Скопје затворен за сообраќај
Сообраќајот во најстрогиот центар на Скопје денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 09 до 18 часот, со што главниот град на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден без автомобили.
Сообраќајот во најстрогиот центар на Скопје денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 09 до 18 часот, со што главниот град на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден без автомобили.Како што информира Град Скопје, во наведениот приод автомобили нема да се возат по дел од улицата 11.Октомври, од крстосницата со улицата Даме Груев кон центарот и во продолжение по дел од улицата Димитрија Чуповски до крстосницата со улицата Даме Груев, односно целиот потег од Собранието на Република Македонија до трговскиот центар „Палома Бјанка“.Во истиот период по наведените улици ќе биде дозволен сообраќајот само за возилата на јавниот градски превоз.Градот Скопје ги повикува граѓаните да се приклучат кон огромното семејство европски градови и нивните жители и да покажат подготвеност да ги заменат своите автомобили со автобусите на јавниот превоз, да пешачат или да користат велосипед, со што ќе дадат свој придонес кон зачувувањето на животната средина и здравјето на целата заедница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” и позиционирањето на Македонија на 36-то место заедно со останатите развиени европски демократии.
„Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности.” – посочи Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.
Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.
„Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати“, истакна Ковачевски.
Додаде дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.
„Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите”, – порача Ковачевски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа
Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.
„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.
Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.
„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.
Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.
„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.
Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување.
Македонија
Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот
Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна Венко Филипче носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
,,Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество”, смета Филипче.
Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.
,,Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен” вели Филипче.
Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.
,,Тоа директно ќе влијае на објективноста во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити”, рече Филипче.