Македонија
Не мина интерпелацијата за Канческа-Милевска
Со само 16 гласови „за“ и 60 „против“ вчера пред полноќ пратениците ја отфрлија интерпелацијата што за министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја поднесе пратеничкат агрупа на опозицискиот СДСМ
.Во обраќањето пред изјаснувањето на пратениците по предлогот за нејзина одговорност, Канческа-Милевска рече дека не постои документација којашто би посочила дека има некакво криминално работење. Министрката за култура беше децидна дека нејзиното работење откако го води ресорот се базира замо врз законсктие процедури.Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, се закани дека министерката ќе добие сериозни кривични пријави. Според Ивановски, кој зборуваше пред гласањето по поднесената интерпелација откако стана очуигледно дека нема да мине предлогот на неговата пратеничка група, Канческа-Милевска, е нелегитимина министер. На тоа министерката изјави дека Ивановски од кого потекна аферата „Патриотска метла“ заради која беше побарано нејзино сменување или оставка, немал храброст, како што рече, да говори со факти а со тоа самиот се демантирал. Таа ги обвини рпатениците на СДСМ дека презентирајќи само еден допис во кој таксативно биле наведени 14 јавни набавки сакаат манипулираат со јавноста и сите инвестирања во министерството за култура да ги претстават како криминални.„Во писмото што го имаат пратениците од СДСМ, има само две набавки за Музејот на македонска борба“ рече Канческа-Миелвска, демантирајќи готврдењето на Ивановски дека Музејот на ВМРО е во вредност од осум милиони евра, како и дека биле склучувани договори во четири очи.Според министерката за култура, постоела една набавка за проект за ентериер, чијашто цена не била осум милиони евра, затоа што и целито објект не чинел вкпно толку. Канческа-Миелвска додаде дека оваа јавна набавка за ентериер е поништена, дека е објавена нов тендер и дека не е склучен никаков договр во четири. Притоа министрката го потсети Ивановски дека пред судот со аргументи и факти ќе треба да ги потврди сите обвиненија што ги изрече против неа. Пратениците од опозицијата во своите дискусии постојано се навраќаа на изградбата на споменици, на проектот „Скопје 2014“ и на парите што и биле исплатени на министерката во времето кога била државен секретар.Министерката Канческа-Милевска, пак, рече дека Министерството за култура не е надлежно за поставување споменици и дека за тоа се надлежни општините и Собранието.Исто така, таа рече дека покрја политичката хајка ѓшто против неа ја водат претениците од СДСМ, закани доаѓале и до членовите на нејзиното семејство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

