Македонија
Во сувиот дел на Врело има воздух за дишење

Во салата Пеони која е сува пештера што се наоѓа на 120 метри од влезот во подводната пештера Врело и до која може да се дојде само со нуркање, има 19,8 отсто кислород, што е доволно за дишење
Ова со користење на посебен апарат кој во заштитна обвивка беше однесен до салата, го утврдија македонските спелеонуркачи од клубот „Врело“ кои во изминативе два дена вршеа испитувања на карактеристиките на Врело.„Во сувата пештера Пеони, покрај тоа што измеривме количина на воздух доволна за дишење, најдовме и измет од лилјаци, што укажува дека во овој дел на подводната пештера практично има живот, односно дека однекаде има доток на кислород и дека од таму веројатно влегуваат и лилјаци, вели Васил Соколов“, спелеонуркач од „Врело“.Во испитувањата се вклучи и МАНУ чии експерти од разни области (геологија, географија, биологија), на чело со академик Георги Ефремов на платформата пред Врело донесоа цела лабораторија за земање на примероци од подводната пештера.Во собирање на овие податоци учествуваа нуркачите Васил Соколов, Киро Ангелески и Бојан Петковски, а од странските Марк Вандермулен и Алесандро Фантини, кои беа неопходни за зарони на поголеми длабочини.Примероци на вода се земени од четири точки и тоа на влезот на пештерата, потоа на 120 метри од влезот, на 300 метри и на 420 метри – од салата наречена Зона на Самракот, и тоа од длабочини од 10, 15, 40 и 100 метри. Истовремено, земени се примероци од карпите од различни локации долж пештерата Врело, како и од воздухот од салата Пеони.Длабочинското нуркање на Луиџи Касати, пак, ќе продолжи најверојатно веќе од утре бидејќи тој од конференцијата во Рим каде што замина, се враќа денеска. Тој планира да направи неколку зарони во левиот крак, се со цел да отиде што подлабоко од лани кога дојде до 190 метри. Неговиот ребридер (апарат кој овозможува користење на еден ист кислород подолго време), практично му овозможува да може да се симне до 280 метри длабочина.Пештерата Врело за него може да биде исклучителна шанса да го собори сопствениот рекорд, а можеби и европскиот бидејќи дава извонредни можности – освен што е длабока, таа е и пространа и светла бидејќи карпите по нејзините ѕидови се бели, за разлика од други пештери во кои нуркал и во кои се чувствувал како во сандак, се наведува во соопштението на спелеонуркачкиот клуб од „Врело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.