Свет
Во пресметка на мексиканските банди убиени 60 луѓе
Повеќе од 60 луѓе се убиени во последните три дена во војната меѓу мексиканските нарко-картели, а шест полицајци и обвинители се обезглавени
Отсечените глави на петмина полицајци и окружниот обвинител кои биле грабнати во понеделникот, биле пронајдени во пластични кеси фрлени пред црква во градот Дуранга. Полицијата претпоставува дека станува одмазда за одмазда на нарко-картелот Голф, чии десетмина членови беа уапсени во ноември.Во оружениот судир меѓу мексиканските нарко-банди за контролата на патот по кој дрогата илегално се пренесува до богатиот американски пазар, во Тихуана на границата со Калифорнија биле убиени дваесетина лица. Исто така, повеќе од триесет убиени имало и во градот Хуарез на границата со Тексас, кој е град со најмногу убиства во однос на вкупната бројка на население. Претседателот Фелипе Калдерон од 2006 г. нареди ангажирање на 50 илјади војници по мексиканските градови за спречување на војната меѓу нарко-картелите во која досега за три години загинаа повеќе од 16 илјади луѓе. Особено се брутални одмаздите на мексиканските банди врз полицајците, војниците и нивните семејства или претставници на властите, кои завршуваат со брутални масакрирања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со мировните преговори во Украина
Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината портпаролка, додавајќи дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.
„Мислам дека администрацијата е многу оптимистична“, изјави Каролин Ливит, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „работеа многу напорно на ова прашање и искрено сакаат да видат како оваа војна завршува“.
„Тие имаа многу продуктивни разговори со Украинците вчера во Флорида, а сега специјалниот пратеник Виткоф е на пат кон Русија“, изјави портпаролката.
Кремљ објави дека Виткоф, кој веќе неколку пати бил во руската престолнина оваа година, ќе се сретне со Владимир Путин во среда.
Патувањето на претставникот на Трамп доаѓа во услови на зголемен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за завршување на војната, според агенцијата Франс Прес.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон се сретнаа со претставникот на Трамп и украинскиот преговарач Рустем Умеров во Париз, по американско-украинските разговори во Флорида во неделата.
Двете страни ги опишаа разговорите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „сè уште има работа што треба да се направи“.
Регион
(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата во еврото, валутата што земјата ќе ја усвои на 1 јануари.
Некои демонстранти во бугарската престолнина се судрија со полицијата што ги заштитуваше канцелариите на владејачките партии, напаѓајќи ги безбедносните сили со камења, шишиња и пиротехнички средства.
Today #Bulgaria protests! Thousands of Bulgarians are in front of parliament and demand the resignation of the government. 🙌🏼 pic.twitter.com/KXDYYrEzJJ
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Опозицијата и други организации изразија незадоволство од буџетот поради најавените зголемувања на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденда за финансирање, како што велат, на повисоките државни трошоци и корупцијата.
Околу половина од Бугарите се противат на воведувањето на еврото, тврдејќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на земјата и дека ќе го искористат преминот кон друга валута за да ги зголемат цените.
❤️ Well done #Bulgaria 🙌🏼 pic.twitter.com/kCYJQaruCX
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, исто така, неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да се зголеми откако ќе се приклучи на еврозоната, објави Ројтерс.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

