Македонија
Собранието да го отфрли ултиматумот од ЕУ за промена на името
Македонските пратеници со официјален документ да го отфрлат политичко – дипломатскиот ултиматум од ЕУ и нејзините амбасадори во Македонија за промена на уставното име до седми декември во замена за неизвесно членство во Унијата.
Македонските пратеници со официјален документ да го отфрлат политичко – дипломатскиот ултиматум од ЕУ и нејзините амбасадори во Македонија за промена на уставното име до седми декември во замена за неизвесно членство во Унијата.Ова се наведува во предлог декларацијата што денеска до Собранието го достави Народното движење за Македонија на Јанко Бачев. „Со едностраниот притисок што се врши само врз Македонија да се откаже од своето име во замена за обично ветување од ЕУ длабоко се навредуваат македонските граѓани и притоа Македонија се става во непримерна ситуација да биде посрамена, поразена и со уништено достоинство„ изјави Бачев. Во предлог декларацијата до македонското Собрание се посочува дека „никој нема право да обвини една држава и да го оспорува нејзиното национално име кое е суверено право на избор на секој народ“. Народното движење за Македонија денеска до парламентот достави и предлог заклучоци со кои Собранието би и наложило на владата привремен мораториум на масовните рамковни вработувања. Бачев посочи дека НДМ има поднесено кривична пријава до јавното обвинителство дека последниот попис според кој Албанците се 25 % од вкупното население бил фалсификат како и дека следната година ќе се одржи нов попис на граѓаните./крај/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

