Македонија
Благ пад на сите три индекси на берзата

Берзанскиот индекс МБИ-10 на крајот на денешното тргување на македонска берза се намали за 0,52%, достигнувајќи вредност од 2.532,43 индексни поени
Берзанскиот индекс МБИ-10 на крајот на денешното тргување на македонска берза се намали за 0,52%, достигнувајќи вредност од 2.532,43 индексни поени.
МБИД оствари пад од 0,79% и се спушти на ниво од 2.300,59 индексни поени. Вредноста на индексот ОМБ изнесуваше 106,30 индексни поени со намалување од 0,12%.
Остварениот промет од денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 22.490.514,66 денари.
Официјалниот Пазар преку 77 трансакции оствари промет од 19.325.631,66 денари, а на редовниот Пазар прометот изнесуваше 3.164.883,00 денари остварени преку 26 трансакции.
Со државните обврзници за денационализација се оствари вкупен промет од 16.845.411,66 денари. Од нив најтргувани беа државните обврзници од осмата, четвртата и шестата емисија. Најмногу се тргуваше со државната обврзница за денационализација од осмата емисија со која беше остварен промет од 7.755.835,80 денари при истргувани 161.415 обврзници. Просечната цена беше 78,56% а намалувањето изнесуваше 0,02%.
Прометот со државната обврзница за денационализација од четвртата емисија изнесуваше 5.049.181,47 денари. Остварената просечна цена беше 85,10% од номиналната вредност а ценовниот пораст изнесуваше 0,12%. Вкупно се истргуваа 97.005 обврзници.
Државната обврзница за денационализација од шестата емисија оствари промет од 3.982.018,79 денари со просечна цена од 81,50% и незначителен пораст од 0,03%. Се истргуваа 79.884 обврзници.
Од редовниот пазар најтргувана акција беше ЗИМ Скопје со промет од 2.245.100,00 денари. Просечната цена изнесуваше 1.100,00 денари со остварен промет од 18,28%. Вкупно беа истргувани 2.041 акции.
ФЗЦУ 11 Октомври оствари промет од 376.500,00 денари со истргувани 300 акции. Просечната цена изнесуваше 1.255,00 денари со остар пад од 16,33%.
Макотекс експорт-импорт АД Скопје донесе одлука со која нето добивката за 2008 година во висина од 39.190.712,00 денари се распределува за покривање на загубите од минатите години.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 08
2. Р.Македонија – Денационализација 04
3. Р.Македонија – Денационализација 06
4. ЗИМ Скопје
5. Алкалоид Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. ЗИМ Скопје 18,28%
2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 12,87%
3. Винарска Визба Тиквеш Скопје 7,67%
4. Македонски Телеком 1,66%
5. Гранит Скопје 0,47%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 16,33%
2. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 6,09%
3. Комерцијална Банка Скопје 2,95%
4. Р.Македонија – Девизни Влогови 1,06%
5. Стопанска Банка Скопје 0,40%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.
Македонија
Мисајловски и генералот Лафчиски со вработените во Министерството и припадниците на Генералштабот по повод 18. Август – Денот на Армијата

Денеска (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.
Министерот Мисајловски изрази почит и благодарност до сите жени и мажи во Министерството за одбрана и Армијата кои, како што рече, посветено работат за државата, нејзината безбедност и сигурност.
„Пожртвуваноста на припадниците на Армијата при справувањето со секојдневните предизвици за заштита на македонските граѓани е јасна и препознаена од македонските граѓани. Тие имаат силна доверба во вас и ви оддаваат почит и признание – за вашата храброст и посветеност. Вредностите кои секој припадник на Армијата ги покажува секојдневно, се вредности кои ги негувате и вие – офицерите и подофицерите во Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана кои со посветеноста, професионалноста и интегритетот кој го имате го градите имиџот и на Министерството и на Армијата“, рече тој.
Министерот истакна дека „изминатиов период се започнати многу проекти, голем број проекти завршивме, како инфраструктурни, така и проекти за опремување и модернизација на македонската Армија“ и додаде дека следниот период особено внимание ќе се посвети на подобрување на условите на работа за секој вработен, затоа што „одбраната на државата зависи од секој еден од вас.“
Генералот Лафчиски порача дека „18. Август е денот кој ги обединува сите денови на командите и единиците кои ги славиме во Армијата, тоа е празникот кој го празнуваат сите сегашни и сите поранешни припадници кои што во изминатите 33 години придонесоа во изградбата на модерната Македонска Армија.“
За време на свеченоста, делегација од Министерството и Генералштабот предводена од министерот Мисајловски и делегација од семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст.
Претходно, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и претставници од кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата и Организацијата на резервни воени старешини положија венци со свежо цвеќе на Партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.
Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Македонија
МВР: Не се води никаква постапка против Билјана Ивановска

Во врска со случајот со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи известува дека против неа МВР не води никаква постапка.
„За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите“, велат од МВР.
„11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата“, објави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна независна кандидатка за градоначалник на општина Центар.
Во врска со пријавата против Ивановска, Обвинителството соопшти:
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.2.2025 година и презема дејства за да ги провери наводите. Како едно од дејствата е испитување на наведеното лице, кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.7.2025 година и на ниеден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата“.