Свет
Најмалку 17 загинати во невреме на Филипините
Тропската бура „Аере“ која од неделата беснее на Филипините однесе 17 животи, а 70.000 лица беа евакуирани, соопшти владата во Манила.
Тропската бура „Аере“ која од неделата беснее на Филипините однесе 17 животи, а 70.000 лица беа евакуирани, соопшти владата во Манила.
Голем број од жртвите настрадале во свлечишта, од струјни удари или во сообраќајни несреќи настанати од лошото време, информираат од Центарот за намалување на ризикот од катастрофи.
Според податоците на метеоролошките служби, ветерот на копно достигнал јачина од 85 километри на час, а на отворено море до 100 километри на час, пренесуваат агенциите.
На аеродромите откажани или одложени се повеќе од 50 летови. Најтешко е погоден островот Лузон, каде околу 70.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Штетата засега е проценета на околу три милиони долари.
Ова е втора тропска бура која од почетокот на годината ги зафати Филипини, на годишно ниво овој архипелаг е погоден од околу 20 тајфуни и бури. /крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“
Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност СБУ објави дека фатила руски агенти кои биле вработени во украинската државна гарда. Разузнавачките претставници велат дека руски агенти планирале да го убијат претседателот и други високи владини функционери.
Шефот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека неуспешниот атентат требало да биде „подарок“ за Владимир Путин пред неговата денешна инаугурација.
СБУ на својот канал на Телеграм објави тврдење дека руски таен агент ги пренел координатите на безбедната куќа пред планираниот воздушен напад. Претставници на разузнавањето додадоа дека Русија планирала да ги уништи сите траги од дронот што би се користел за гаѓање на претседателот со друг проектил.
„Непријателот активно развиваше планови за да го тргне претседателот Володимир Зеленски. Една од задачите на руската разузнавачка мрежа ФСБ беше да бара џелати меѓу војниците блиски до службата што го штити претседателот, кои би можеле да го убијат шефот на државата“, соопштија од СБУ.
„Покрај Володимир Зеленски, непријателот планираше да ги елиминира и шефот на Службата за безбедност на Украина Васил Маљук, шефот на Воената разузнавачка служба на Украина Кирил Буданов и други високи функционери“, се вели во соопштението.
„Ограничен број луѓе знаеја за нашата специјална операција и јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, всушност беше неуспех на руските специјални служби“, рече Маљук.
„Но, не смееме да заборавиме – непријателот е силен и искусен, не може да се потцени. Ќе продолжиме да планираме однапред и да си ја работиме работата секој предавник да ги добие заслужените судски казни“, заклучи тој.
СБУ наведува дека при претресот на просториите на уапсените руски агенти биле пронајдени „релевантни средства за уништување“ и други докази за криминални активности.
Свет
Во Америка доминира нов подсој на коронавирусот, варијанта што ги загрижува научниците
Нова група на подваријанти на коронавирусот циркулира во САД. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), моментално доминантна е подваријантата наречена „(FLiRT)“.
Една од подваријантите на „(FLiRT)“ е КП.2 и таа е одговорна за околу 25 проценти од сите инфекции во САД. Сите варијанти кои се во оптек се дел од микронскиот сој на вирусот САРС-КоВ-2, попознат како коронавирус.
Меган Л. Рејни, декан на Факултетот за јавно здравје Јеил, рече дека (FLiRT) има некои загрижувачки карактеристики, кои се одговорни за неговото ширење меѓу населението, односно овозможуваат вирусот да се „закачи“ за телото и да предизвика болест, пренесуваат американски портали.
ЦДЦ наведува дека Ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот, продолжува да претставува значителна закана за јавното здравје, и покрај севкупното намалување на сериозните болести предизвикани од овој вирус. Сепак, стапката на хоспитализација на луѓето со Ковид-19 останува висока кај луѓето на возраст над 65 години.
Американскиот комитет за имунизација препорача сите постари од 65 години да добијат дополнителна доза од вакцината против Ковид. Тие посочуваат дека имплементацијата на овие препораки треба да го зајакне имунитетот против вирусот и да го намали ризикот од сериозни состојби кои болеста може да ги предизвика, вклучително и смрт.
Европа
Босфор затворен, заринка украински брод
Теснината Босфор, која го поврзува Црното со Средоземното Море, е затворена за бродови откога денеска таму заринка товарен брод од Украина, соопштија турските власти за ДПА.
Бродот „Алексис“ превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од пловниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност на крајбрежјето за дпа.
Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот. Босфорот служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 брода поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.