Свет
Самоубиствен напад во авганистанската провинција Капис
Бомбаш-самоубиец во средата напладне по локално време се разнел меѓу мноштво припадници на странските и авганистанските сили во Каписа, провинција во Авганистан, при што има жртви меѓу војниците на меѓународната коалиција.
Бомбаш-самоубиец во средата напладне по локално време се разнел меѓу мноштво припадници на странските и авганистанските сили во Каписа, провинција во Авганистан, при што има жртви меѓу војниците на меѓународната коалиција. Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на исказ на шефот на локалната администрација на областа Тагаб каде што се случил нападот, Абдул Хакам Ахундзадех, покрај се’ уште неутврдениот број воени жртви, смртно настрадани има и меѓу цивилите.Ахундзадех додал дека терористичкиот акт се случил точно напладне по локално време (10.30 часот по македонско време, во близина на базата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ), каде што се стационирани француски војници.„Според првичните податоци, има загинати странски војници и цивили“, рекол Ахунзадех. Набргу по нападот одговорноста за него ја преземаа талибаните. Портпаролот на радикалното исламистичко движење „талебан“, Забиула Муџахид за локалните медиуми изјавил дека во самоубиствен напад во Тагаб се убиени 27 припадници на францускиот контингент.Според него, нападот се случил во селото Џој Бар во областа Тагаб, кога француските војници спроведувале претрес во домот на еден од локалните команданти на муџахедините по име Ширин, каде што се одржувал состанок на противниците на властите во Кабул.Според Муџахед, нападот го извел талибански борец по името Мурад, кој потекнувал од источната авганистанска провинција Нангахар. Меѓу убиените, според талибаните, се и високи француски службеници, кои во Каписа пристигнале од престолнината Кабул. Терористичкиот напад се случи еден ден откако воена база, во близина до местото каде се случи нападот, беше посетена од францускиот претседател Николас Саркози, кој престојуваше во Авганистан во куса ненајавена посета. Според Саркози, „откако е убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а во низа арапски земји избија револуции, не постои опасност дека Авганистан повторно ќе биде завладеан од страна на терористите“За време на посетата на воената база, францускиот претседател изјави и дека е време да се стави крај на војната и дека кон крајот на 2012 година ќе бидат повлечени од Авганистан, една четвртина од француските војници, односно илјада лица. Истовремено, според соопштение на прес-службата на авганистанското министерство за внатрешни работи, во областа Лалпур во источната провинција Нангахар, во средата возило на авганистанската погранична полиција налетало на нагазна мина при што загинал еден а ранети биле шест полицајци//крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.
Регион
Црна Гора се поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез
Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската Унија. Европската комисија, во документ презентиран во Брисел во вторник, изјави дека земјата постигнала значителен напредок и дека би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година ако го задржи сегашното темпо на реформи, објави ДВ.
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, изјави дека Црна Гора е „најподготвена за членство во ЕУ од сите земји-кандидатки“, нагласувајќи дека проширувањето на Унијата е реална можност во наредните години.
Комесарот за проширување, Марта Кос, додаде дека се приближува времето кога Брисел ќе започне со подготовките за склучување на Договор за пристапување со Црна Гора.
Црна Гора минатата година затвори четири преговарачки поглавја, а планира да затвори уште до крајот на годината. Европската комисија нагласува дека е клучно да се одржи стабилен напредок во реформите и политичкиот консензус, за да може процесот на преговори да се заврши до крајот на 2026 година.
Амбасадорот на Европската Унија во Црна Гора, Јохан Сатлер, го нарече ова „најдобриот извештај на Европската комисија за Црна Гора досега“, но предупреди дека следните 14 месеци ќе бидат клучни, особено во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Премиерот Милојко Спајиќ рече дека ова е најпозитивниот извештај досега, нагласувајќи дека Црна Гора постигнала напредок во 18 од 33 преговарачки поглавја. „Ги гледам препораките од Брисел како патоказ за Владата и Парламентот“, рече тој.
Германскиот амбасадор Петер Фелтен оцени дека Црна Гора „постигнала значителен напредок во сите поглавја“ и дека препораките се силен водич кон исполнување на преостанатите услови за членство.
фото: принтскрин

