Свет
Норвежаните со песна протестираат против Брејвик

Десетици илјади Норвежани излегоа во четврток на улиците на Осло, со песна да протестираат поради масовното убиство кое што го изврши Андерс Беринг Брејвик.
На централниот плоштад во Осло се собраа околу 40.000 луѓе кои ќе ја испеат песната „Деца на виножитото“ од седумдесеттите години-норвешка верзија на песната на американскиот фолк пејач Пит Сигер, за кој Брејвик рече дека служи за инспирација на мозокот на младите Норвежани.
На судењето на Брејвик кое денеска продолжи, своите потресни сведочења ги изнесоа преживеаните од масакрот. Брејвик призна дека на 22 јули минатата година во Осло и на островот Утоја уби 77 луѓе, но дека не сака да сноси кривична одговорност.
Целта на судењето кое би требало да трае 10 недели, е да се констатира дали е пресметлив, со оглед на тоа што до судот се доставени два психијатриски извештаја со потполно различни наоди.
Петчлениот судски совет ќе донесе одлука во јули. Доколку биде прогласен за пресметлив, би можел да биде осуден на 21 година затвор и таа казна би можела да се продолжува на неодредено време.
Ако експертите, меѓутоа, заклучат дека е ментално болен, би можел да биде затворен во психијатриска установа до крајот на животот./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.