Македонија
Средбата за името без епилог

Координативната средба помеѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски за изградба на единствен став околу спорот за името по последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц заврши без епилог
Она што го разговарале Црвенковски и Груевски со преговарачите Никола Димитров и Мартин Протуѓер, останува тајна. Ниту од претседателскиот, ниту од премиерскиот кабинет не даваат информации што се договорил државниот врв. „Нема да има никакво соопштение“, беше неофицијалниот одговор од кабинетот на Црвенковски. Најверојатно, двете страни повторно имале различни ставови околу тоа како да се постапи по последниот предлог на Нимиц. Дипломатски извори деновиве предупредуваа дека оваа координација може да биде неуспешна поради тоа што Груевски цврсто инсистира на двојната формула што би значело целосно одбивање на предлогот, додека пак Црвенковски би одел на крупни забелешки на предлогот „со цел македонската страна да покаже конструктивност“. Министерот Милошоски, вчера по повод празникот 23 Октомври, пак, беше оптимист за успехот на денешната средба. „За последниот предлог на Нимиц ќе има координативна средба помеѓу Премиерот и Претседателот и тогаш ќе се изгради стави по однос на овие предлози“, најави Милошоски. Ова е втора средба без епилог по однос на последниот предлог на медијаторот. Првата беше минатата недела. Тогаш на кусата средба Црвенковски и Груевски заклучија дека се уште е рано Македонија да се произнесе по предлогот. Двајцата највисоки државни функционери, и покрај претходните различни позиции, веднаш по добивањето на предлогот се изјаснија дека се неприфатливи последните решенија и предлози на Нимиц, сепак тие минатата недела не договорија одговор за медијаторот. Прашањето за името, освен од државниот врв, ќе биде разгледувана првпат и од страна на пратениците. После несогласувања и координации меѓу партиите на власта и опозицијата, претседателот на Собранието Трајко Велјановски објави дека Резолуцијата за името поднесена од НСДП и СДСМ ќе биде последна точка на 27. седница која е во тек и дека за неа ќе се расправа во текот на наредната недела
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Почнувајќи од 3 септември, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска сончево со умерена облачност, следува период на претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.