Вести
Асад: Акциите на Западот во Сирија го предизвикаа тероризмот во Европа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/asad20evropratenici.jpg)
Сирискиот претседател Башар ал-Асад рече во неделата во разговорот со група европски парламентарци дека поддршката на западните влади на сунитските опозициски и екстремни групи во Сирија го предизвикува тероризмот во Европа.
Напливот на бегалци во Европа, исто така, е резултат на погрешните политики на некои од западните лидери кои ги поддржуваат и политички ги заштитуваат терористички групи во Сирија, рекол сирискиот претседател Башар ал-Асад на средбата во Дамаск со делегацијата на Европскиот парламент предводена од Хавиер Коисо, претседател на комисијата за надворешни работи.
„Тоа што се случува во Сирија и регионот, нормално, силно се одразува врз Европа, земајќи ги предвид географската лоцираност и културните врски. Проблемите со коишто се соочува Европа, почнувајќи од тероризмот завршувајќи со брановите бегалци, се резултат на погрешните политики на редица западни челници, кои не им служат на интересите на нивните народи…“, го цитира Асад државната сириска агенција SANA.
Според Асад, „Европа денес ги жнее плодовите на својата попустливост кон терористите во Сирија“, при што тој ги смета за терористи сите бунтовнички групи кои се борат за да го соборат од власт кои ги поддржува Западот нарекувајќи ги „умерени“.
Алавитот (шиит) Асад од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година тврди дека бунтот во Сирија го предизвикале соседните сунитски земји, главно регионални сојузници на САД, финансирајќи ги и вооружувајќи ги радикалните исламисти.
Сирискиот претседател смета и дека „затоа европските пратеници сега имаат важна улога во исправувањето на погрешните политики на нивните влади“.
Асад истакнал дека економските санкции коишто ЕУ ги воведе во 2011 година против Дамаск „се причина за падот на животниот стандард на Сиријците и натерале многу од нив да заминат во други земји, вклучително и во Европа“.
Коусо од своја страна ветил дека „ќе им ја пренесе на Европејците вистинската слија за ситуацијата во Сирија и страдањата на нејзиниот народ од тероризмот“, Според него, „тоа ќе помогне да се зголеми притисокот врз европските влади да ги повлечат неправедните санкции од Сиријците“.
Пратеникот од шпанската коалиција Обединета левица придружуван од група колеги пристигна во Дамаск во саботата. Тој се сретна со претседателот на Народниот совет (парламентот) Хадиеји Абас и со врховниот муфтија на Сирија Ахмед Бадредин Хасун. Каусо со колегите европски пратеници го посети и центарот за бегалци во Дамаск и ранетите сириски војници во болницата „Хамиш“./крај/мф/сн
Извор: SANA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.