Контакт

Општество

Традиционална средба на Јолевски и Котески со одбранбените аташеи во Македонија

Објавено пред

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески во четвртокот остварија средба со одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија, која се одржува на крајот на годината.

dobivaj vesti na viber

 

Во оваа прилика Јолевски посочи дека соработката на Македонија со земјите-партнери во областа на одбраната е на одлично ниво и дека постои подготвеност за нејзино уште поголемо зацврстување и унапредување.

 

„Главна цел и наш највисок приоритет е да продолжиме да работиме на реформите и да продолжиме да бидеме целосно подготвени за влез во НАТО”, истакна министерот Јолевски пред присутните.

 

„Светскиот мир, стабилност и слобода се особено важни за нас, додаде министерот, и затоа ние продолжуваме со нашиот придонес во рамки на меѓународните мировни мисии, меѓу кои и мисијата Одлучна поддршка која ќе ја замени мисијата ИСАФ во Авганистан во 2015 година“, додаде македонскиот министер.

 

Во рамки на средбата презентирани беа активностите на организациските единици во Министерството за одбрана, како и степенот на реформи и трансформација на Армијата на Република Македонија.

 

На средбата на претставници на министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија која има традиционален карактер, учествуваа и заменик-министерот за одбрана, Арбен Лабеништа, сите одбранбени аташеи во Македонија, раководителите на секторите во Министерството како и началниците на одделите во Генералштабот на Армијата на Република Македонија./крај/мф/бс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет7 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет8 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија8 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија8 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа9 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија9 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет12 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет13 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија13 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија14 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија14 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија15 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија16 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет17 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија17 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет1 ден

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија1 ден

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ1 ден

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија1 ден

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...