Македонија
Трибина: Проектот „Скопје – 2014“ треба да се гледа пошироко
Работите во врска со проектот „Скопје – 2014“ треба да се гледаат пошироко историски, современо итн, бидејќи секогаш кога се прават вакви големи зафати, доаѓа до една ваква колизија.
Работите во врска со проектот „Скопје – 2014“ треба да се гледаат пошироко историски, современо итн, бидејќи секогаш кога се прават вакви големи зафати, доаѓа до една ваква колизија.Ова е заеднички став на дискутантите на трибината одржана денеска за поддршка на проектот „Скопје – 2014“, организиран од страна на Институтот „Павел Шатев“.„На истиот тој простор, уште во старо Скопје постоеле многу објекти како: Црковниот Музеј на Скопје, Скопската Митрополија градена во барок стил, Судот, Трговската Комора и Инспекторат, тука се наоѓало славното француско училиште, грчкото училиште и Француско-српската банка. Целиот тој простор е преполн со објекти кои според истражувањата имаат елементи на барок, класицизам и нео класицизам,“ рече Данило Коцевски.
Според архитектот Вангел Божиновски, во традицијата на македонската архитектура лежи длабоко вкоренет барокот.„Плоштадот во барокен израз пред најголемата католичка катедрала Свети Петар во Рим, е копија на плоштадот во Џараш изграден од македонски архитекти при походот на Александар трети Македонски. Куполите на Свети Иво дела Сапиензи во Рим, се всушност копија на архитектурата што ја остава македонизмот кој во европската култура е познат како хеленизам. Кога говориме дали македонската култура, уметност и историја има барок, треба да се каже дека во суштина македонската архитектура го оформила барокот. Сепак, овие проекти кои ги видовме во визуелизацијата се производ на едно ново време и тие се последица на една генерална политика на Меѓународната унија на архитекти и Светската академија за архитектура,“ подвлече Божиновски.Васко Шутаров оцени дека нема ништо поубаво од обликувањето на просторот. Според него, убаво е да постои дискусија и комуникација, но мора да има ниво на конструктивност заради тоа што градењето само по себе претставува конструкција. „Ако дијалогот претставува само отпор или само „не“, без концепција, без алтернатива, без подруга визија, што добиваме ние? Тогаш имаме еден невешт дијалог,“додаде тој.На трибината беа присутни Јован Стефановски, Васко Шутаров, Данило Коцевски, Бранислав Саркањац, Вангел Божиновски, Сашо Гигов и Зоран Петров. /крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

