Македонија
Адеми: Климатските промени бараат нови пристапи и технологии
Денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Италија во Скопје, Фабио Кристијани и Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа -ЈИЕ, Замир Дика
Денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Италија во Скопје, Фабио Кристијани и Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа -ЈИЕ, Замир Дика, ја отворија работилницата „Иновација и законска регулатива за одржлив развој“.Работилницата се одвива во рамките на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и Министерството за животна средина, територија и море на Италија.Министерот Адеми на отварањето го изрази задоволството од обемот на билатералната соработка која повеќе години наназад се негува со италијанското министерство за животна средина, територија и море. Соработката започна во 2005 г., со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за соработка во областа на животната средина и одржливиот развој, кон кој следуваа пет Анекси кои го прецизираа обемот и видот на соработката. Иако првично замислена како поддршка за искоритување на потенцијалот на нашата држава за учество во еден од флексибилните механизми според Протоколот од Кјото (механизмот за чист развој), со текот на времето соработката се зголемуваше согласно взаемно прифатливите и усогласени приоритети.Адеми истакна дека климатските промени бараат еколошки иновативни пристапи и технологии. Еко-иновациите ќе станат клучни за економскиот пораст, конкурентноста и вработувањето. Клучот за креирање на нови работни места, економски пораст и добробитта на населението е во ефикасните еколошки иновации што бара високи стандарди за заштита на животната средина, комбинирано со широк опсег на други економски инструменти-намалување на данокот на додадена вредност за енергетски ефикасни добра и сервиси, зелени јавни набавки итн. Ја поздравуваме одлуката и иницијативата на ректоратот на универзитетот на ЈИЕ за спроведување на еден ваков проект. Министерот Адеми, исто така, истакна дека овој проект го гледаме како дел од пошироките активности кои релевантните министерства на Македонија и Италија ги спроведуваат во овој регион и на пошироката територија на државата со цел намалување на климатските промени. Во таа насока, сакам да ја изразам благодарноста за поддршката која италијанската влада , преку ресорното министерство за животна средина, теиторија и море, ја дава за остварување на овие наши заложби. „Очекувам таа соработка да продолжи и во иднина за натамошно имплементирање на нашите национални мерки за намалување на емисиите на стакленичките гасови во атмосферата, кои веќе ги усвоивме со усвојувањето на Вториот национален план за климатски промени и ги рапортиравме до Секретаријатот на Конвенцијата на ОН за климатски промени како дел од нашето пристапување кон Договорот од Копенхаген“, рече Адеми/крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

