Македонија
Шест разбојници правеле р'шум во битолско
Битолската полиција поднесе кривична пријава против шест лица, од кои едно малолетно за сторени 58 кривични дела, меѓу кои 42 тешки кражби, 11 кражби, три разбојнички кражби, загрозување на сигурноста и одземање моторно возило.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против шест лица, од кои едно малолетно за сторени 58 кривични дела, меѓу кои 42 тешки кражби, 11 кражби, три разбојнички кражби, загрозување на сигурноста и одземање моторно возило.
Разбојничката група, во периодот од мај до 13 декември 2011 година во битолската населба Баир и селата Бистрица и Дихово извршиле тешки кражби и кражби во куќи, викендици, црква и продавница, од каде одземале парични средства, техничка стока, метални предмети, мобилни телефони и друго, додека разбојничките кражби ги извршиле во три куќи, а откако биле затекнати од сопствениците истите физички ги нападнале.
Исто така во еден наврат одзеле патничко возило „мазда 323“, а во друг случај се обиделе со возило да прегазат полициски службеници, кои биле на службена должност, по што удриле во полициско возило.
Се проценува дека разбојниците предизвикале вкупна штета од околу 511.800 денари. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димески: Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани
Носителот на листата со кандидати за пратеници од ИЕ6 за Левица, Игор Димески во Тетово имаш средби со граѓани. Тој презентираше дел од мерките за кои се залага Левица во областа на енергетиката и економијата.
– Заштита на домашното производство преку протекциони мерки, национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија, задолжителни полици за македонски производи во сите маркети, државна комерцијална банка за бескаматно наменско кредитирање, гарантирани цени за најосновните прехранбени намирници. Инвестирање и модернизација за земјоделието и субвенции за мотивирање на луѓето да останат да живеат на село, воведување на максимални каматни стапки, данок на експлоатација на компаниите, данок на екстра профит за компаниите во криза, напуштање на политиката на рамни даноци каде сиромашниот и милионер плаќаат ист процент на данок, истакна Игор Димески.
Тој потенцира дека ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани.
– Народни електрани е автентичен проект на Левица кој на секое семејство ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија, ги решаваме високите сметки за електрична енергија, рече Игор Димески.
Средбите со граѓаните Левица ги одржа во центарот на Тетово.
Македонија
Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија
Главните политички заложби на ИНТЕГРА, македонската конзервативна партија, со кои сме додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, се однесуваат првенствено на сочувување на македонскиот устав и државотворната позиција на македонскиот народ со комплетниот корпус на македонски национален идентитет во него. Тоа подразбира дека нема промена на уставот под ниту една закана, уцена, притисок од било чија страна, тоа значи дека се додека не го затвориме целокупниот корпус на македонските национални идентитетски прашања, оние црвени линии за кои што македонскиот народ се залага во татковината Македонија нема да се чепне Уставот по ниту една основа, рече Љупчо Ристовски претседател на ИНТЕГРА при денешната посета во Градско.
„Втората работа, мора да ја зацврстиме Македонија како држава на македонскиот народ, како круна на вековната борба на македонскиот народ за своја држава, за своја национална слобода, тоа подразбира ние ќе си ја пишуваме сопствената македонска историја согласно нашиот национален македонски интерес“, рече тој.
Ристовски истакна дека коалицијата Храбро за Македонија ќе ги гарантираме сите видови на слободи на секој поединец, и економски и социјални и политички слободи, ќе воспостави систем на трајна правна сигурност за секоја индивидуа, тоа подразбира дека со сите владини политики, ќе го таргетираме творечкиот потенцијал на секој поединец.
„Нема ниту Брисел, ниту Вашингтон да ни донесат богати и просперитетни семејства, нашиот творечки потенцијал е тој којшто мораме да го покренеме, мора да го таргетираме со сите мерки на владини политики и тој да ја направи преродбата на Македонија. За тоа да го сториме ќе биде потребна сигурна и безбедна Македонија, тоа значи дека ќе мора да изградиме моќна македонска армија и моќен безбедносен систем“, рече Ристовски.
Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус. Ристовски потенцираше дека имаат инвестициски проект за 50 илјади микро мали и средни претпријатија кои ќе бидат таргетирани со владини политики. Според него, капиталните инвестиции и субвенциите кои се нецели 700 милиони евра во буџетот на годишно ниво ќе бидат понудени на секој поединец на секое семејство, но паралелно и на државната администрација, за да се поттикне претприемачкиот дух да станат со своите проектни бизниси партнер со владата, односно ако се одлучат да ја напуштат државната администрација и сакаат да влезат во бизнис.
„Оттука ако го земеме агробизнисот како еден од клучните потенцијали на Македонија, се наоѓаме во Градско каде има огромен потенцијал за земјоделство и агробизнис, не смееме да дозволиме ниту една педа земја да остане необработена и да не произведува храна. Оттука ние излегуваме со проект за 24/7 за 365 дена, секој ден во годината ќе има отворен јавен оглас, до 10 хектари во атарите на селата и над 50 хектари со задолжително преработувачки капацитети, висока финализација на храна и пијалоци, секоја педа земја ќе кора да дава храна во Македонија, се што е благослов од Бога, Сонцето, ветерот, воздухот, почвата мора да ги ставиме во функција да бидат национални стратегиски ресурси, од тука секоја педа ќе произведува храна и Македонија повеќе никогаш нема да произведува храна туку ќе стане моќен извозник на храна, и органска храна и се што компаративна предност на македонскиот аграр.
Околу откупните цени на земјоделските производи, исклучиво приватно-јавно партнерство, ќе донесеме приватни инвестициски фондови, приватни агро берзи секторски ако станува збор за тутунот ќе биде приватна тутунска агро берза, ако станува збор за лозарството ќе поттикнуваме мали винарии, мали дестиларии да грозјето отиде во висока финализација да никогаш повеќе не зависат од уцените на откупувачите, значи ќе ја решиме ниската откупна цена на начин што ќе таргетираме отворен пазар по моделот на Адам Смит, таа слободна економија ќе донесе конкуренција и апсолутна квалитетот на македонските производи ќе ја качи цената, на овој начин ќе ги направи нашите фармери и земјоделци богати, рече Ристовски.
Носителот на листата на Коалицијата Храбро за Македонија во ИЕ 3, Иван Николов, доктор по ветеринарна медицина, кој е со домашно и меѓународно искуство во земјоделието и преработката на храна, кажа дека само минатата година во Македонија е увезена храна во вредност од една милијарда долари, а во исто време извозот се намалува.
„Ние сакаме да дадеме силна поддршка на фармерите, да дадеме решение за ниските откупни цени, кои сега се уценителни за фармерите, сакаме да ја поддржиме македонската индустрија која е извозно ориентирана како што е конзервната индустрија, кондиторската индустрија и поготово винската индустрија. Сакаме да им помогнеме на фармерите да ја обноват својата механизација да ја обновата опремата за да можат да бидат пококурентни, рече Николов.
Македонија
Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица
Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.
„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ – истакна Филипче.
Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.
„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ – рече Филипче.