Свет
Во Сирија убиени 34 цивили
Во четвртокот во Сирија се убиени 33 цивили , меѓу кои десет деца, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Во четвртокот во Сирија се убиени 33 цивили , меѓу кои десет деца, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.„Според податоците со коишто располагаме, денеска безбедносните сили во неколку сириски региони, најмногу во Холмс, убиле 34 цивили“, изјави за AFP претседателот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.Според Рахман, во судирите во четвртокот биле убиени седум дезертинрани војници и осум војници на регуларните безбедносни сили, меѓу кои и еден полковник кој загинал во Холмс, жариште на бунтот против претседателот Башар ал-Асад. Во четвртокот навечер армијата според Рахман, преземала офанзива во предградието на Хомс, Карм ал-Зеитуну, при што загинале 26 цивили, меѓу кои девет деца а повеќе десетици цивили биле ранети. Во другиот град кој се смета за центар на бунтот, Хам, кој бил нападнат во вторникот од сириската армија, биле убиени четири цивили, меѓу кои и 58-годишна жена, која била усмртена со истрел од снајпер, јавува Опсерваторијата.Информациите не се потврдени од независни извори, како и од страна на набљудувачите од Арапската лигија, како и од новинарите на странските медиуми на кои сириските власти последните два дена им наметнаа рестрикции во движењето под изговор за нивната безбедност./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

