Македонија
Бизнисмените бараат државата да не се задолжува повеќе
Усогласување на монетарната и фискалната политика, намалување на задолжувањето на државата со благајнички записи на нула до март, намалување на каматата ако се издадат нови записи, се дел од барањата на бизнис секторот до Владата искажани на денешниот заеднички традиционален појадок
Усогласување на монетарната и фискалната политика, намалување на задолжувањето на државата со благајнички записи на нула до март, намалување на каматата ако се издадат нови записи, се дел од барањата на бизнис секторот до Владата искажани на денешниот заеднички традиционален појадок
„Владата да остане на досегашниот курс во реформите и во оваа година побаравме континуитет и отвореност во дијалогот, за да може сите мерки коишто се носат да не бидат интервентни, односно антикризни, бидејќи оваа година ја гледаме како година на стабилизација“, рече Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, по денешниот појадок со премиерот Никола Груевски и дел од министрите во Владата.
Според него,континуитетот во дијалогот ќе доведат до мерки кои се поконструктивни во насока на спроведливост и помош на реалниот сектор.
Од бизнис секторот побараа запирање на задолжувањата на државата до март, а доколку продолжи издавање на благајнички записи да не бидат со камата поголема од 5 отсто. Истото, да го прифати и Народна банка и нејзината камата да не биде поголема од 6 отсто.
„Ние постепено ќе почнеме да го намалуваме позајмувањето и ќе се обидеме да ја намалиме каматната стапка. Зборувам за Владата. Се надевам дека тоа ќе го направи и Централната Банка. Каматната стапка ќе се обидеме да почнеме да ја намалуваме во првиот квартал“, рече премиерот Груевски.
Од Сојузот бараат и нова законска рамка за регулирање на критериумите за каматите за постоечки договори за кредитирање и основот по кој би се менувале.
Бизнисмените бараат создавање конкуренција со привлекување странски банки, како Рајфајзен, Ерсте, Интеса и слично.
Тие побараа и интервенции во делот на урбанизмот, итна промена на дел од Законот за просторно и урбанистичко планирање со што би се затворил еден круг на олеснување на постапката за инвестирање од финансиски и урбанистички аспект.
„Ние сакаме да креираме мерки коишто ќе бидат компатибилни со потребите на приватниот сектор. Тоа е дел од нашето стратешко работење и ветување во нашата програма“, рече Груевски.
Тој најави кон крајот на месецов или на почетокот на февруари, четвртиот пакет антикризни мерки изработени по дискусиите на Владата и бизнис секторот, кој ќе биде многу мал, затоа што со претходните три главните работи биле направени. /крај/бб/ап/
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

