Економија
Индексите останаа речиси непроменети

Промет во износ од 9.773.829,01 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 7.562.558,01 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот прометот изнесуваше 2.211.271,00 денари.
Промет во износ од 9.773.829,01 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 7.562.558,01 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот прометот изнесуваше 2.211.271,00 денари.Индексот МБИ10 се намали за 0,01% и изнесуваше 2.378,35 поени. МБИД се зголеми за 0,03% и изнесуваше 2.452,37 поени, а ОМБ се намали за 0,01% и изнесуваше од 117,92 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 2.128.540,00 денари по просечна цена од 3.400,22 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беше остварен 820.891,00 денари промет по просечна цена од 4.166,96 денари.Трета беше акцијата на Макстил АД Скопје со остварени 422.304,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 170,28 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 87,99% и беа остварени 3.233.803,01 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски телеком АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 1.229.175,00 денари, по просечна цена од 504,79 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија 2. Комерцијална банка АД Скопје3. Македонски телком АД Скопје4. Алкалоид АД Скопје5. Раде Кончар АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Лотарија на Македонија АД Скопје 15,47%2. ТТК банка АД Скопје 9,96%3. Бетон АД Скопје 2,86%4. Макошпед АД Скопје 2,76%5. Кјуби АД Скопје 2,34%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Услуги АД Скопје 4,76%2. Гранит АД Скопје 0,66%3. Алкалоид АД Скопје 0,50%4. Макстил АД Скопје 0,42%5. Македонски телеком АД Скопје 0,02%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бислимоски: Стартуваме со техничкиот процес на интеграција на македонскиот енергетски пазар кон Европскиот енергетски пазар

Стартуваме со техничкиот процес на интеграција на македонскиот енергетски пазар кон Европскиот енергетски пазар најави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на Белградскиот енергетски форум. Бислимоски информираше дека новиот Закон за енергетика е донесен, сега следува носење на подзаконската легислатива. Крајна цел е да обезбедиме европска сигурност и стабилност во преносот и дистрибуцијата, но и пониски цени на електрична енергија за потрошувачите.
„Со донесување на новиот Закон за енергетика, влегуваме во финална фаза со реформите во овој сегмент со што ќе стартува конечната интеграција на земјава со европскиот енергетски пазар. Најпрво ќе следува меѓу фаза во спојување на регионалните пазари. Убеден сум дека најдоцна до вториот квартал од 2027 година, односно во рок од две години ќе покажеме локален и регионален капацитет во преземање на сите неопходни чекори и ќе обезбедиме земјава да стане дел од пазарот на земјите членки на Европската унија. До сега во овој процес, во т.н спојување на регионалните пазари, не водеше УСАИД, но сега поради новите политики – ние сме оставени сами да го спроведеме овој сериозно комплексен процес. Од досегашната фаза на т.н „преговарање“, влегуваме во втора фаза каде ќе го отвориме енергетското регулаторно поглавје преку синхронизација на легислативата за регионална поврзаност на пазарите за електрична енергија. Македонските граѓаните ќе имаат европска енергетска сигурност и стабилност и практично сите заедно од ЕУ ќе ги споделуваме и позитивните трендови – како пониски цени, но исто така заедно ќе ги амортизираме можните негативни шокови“ истакна Бислимоски.
На панелот посветен за „Интеграција на пазарот на електрична енергија на Западен Балкан со пазарот на ЕУ“, во рамките на Белградски енергетски форум 2025 се дискутираше за потребата регионот да настапи со единствен координиран став на претстојниот состанок што треба да се одржи на 1 јули во Брисел.
“Неопходно е да се зборува отворено со Брисел и заедно со Енергетска Заедница треба сите земји од регионот да направиме акциски план во кој ќе се детектираат фазите за воведувањето на јаглеродната такса. Што можеме сами да направиме, веднаш да ги спроведеме тие активности, а во сегментите во кои ќе ни треба финансиска помош да побараме ЕУ да ни помогне„ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.
Третиот Белградскиот енергетски форум ги обедини лидерите од енергетскиот сектор кои во фокусот ја имаат енергетската транзиција.
Економија
Изгласан новиот закон за енергетика

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика.
Oд Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, законот го опишаа како стемски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со тоа, како што се додава, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:
„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“
Законот е подготвуван во соработка со институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни.
Новиот Закон за енергетика содржи зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка; поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите; отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници. Законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.
„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска.
Економија
Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања.
Ако до крајот на месецот се утврди дека има скок на цените откога престана да важи последната мерка за замрзнати маржи, ќе има нови мерки што ќе останат во сила многу подолго отколку досегашните. Премиерот Христијан Мицкоски засега нема информации за поскапени производи, но остава простор тоа да го утврди извештајот на Државниот пазарен инспекторат на крајот на овој месец.
„Ги следиме состојбите, јас немам таква информација. Разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам информација дека тоа се случува. Но, доколку тоа се случи, на крајот од месецот автоматски ќе бидат применети мерки што ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг-услуги, ПР-услуги и така натаму, а со тоа практично ќе се плаќа маржата што се плаќаше во минатото на одредени маркети. Слушаме, стигаат и до нас такви информации. Вознемирени сме од она што го слушаме и тоа не е добро затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос“, рече денес премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче.
Маржите на 102 групи производи беа замрзнати до 30 април, а последните две недели има производи чии цени се зголемија и за 60 денари, како што се некои хигиенски производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши минатата недела рече дека таквите поскапувања треба да ги потврди Државниот пазарен инспекторат за да може да преземат мерки. И тој најави дека мерките ќе бидат поригорозни и за трговците, и за производителите, и за дистрибутерите.