Македонија
Иванов го прими Давитковски по повод оставката од Ад-хок комисијата

Претседателот Ѓорге Иванов, во вторник го прими Борче Давитковски, претседател на ад-хок комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година.
На средбата, претседателот Иванов бил информиран за досегашните активности и резултати од работата на Комисијата, како и за разликите во ставовите за одредени прашања меѓу членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, информираат од неговиот кабинет.
„Претседателот Иванов беше информиран за оставката на Борче Давитковски, од должноста претседател на ад-хок комисијата“, се вели во соопштението.
Иванов, констатирајќи ја новонастанатата состојба, изразил задоволство од досегашната работа на Комисијата, која и двете страни ја оценија како добра основа за успешен исход со што би се реализирале обврските од договорот од 1-ви март.
Иванов изразил надеж дека Комисијата покрај новонастанатата состојба ќе изнајде начин успешно да ја доврши преземената обврска.
Давитковски, откако одлучи да се повлече од функцијата, рече дека доколку двете страни во комисијата се договорат и изготват заеднички извештај, тој со две раце ќе го потпише.
Од друга страна пак, членовите на комисијата не можат да се договорат дали работата на комисијата е возможна или не по неговата оставка.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ бара таа да продолжи со работа, а од СДСМ тврдат дека комисијата не може да продолжи со работа без претседател.
Во понеделникот побараа од претседателот Иванов да ја разреши ситуацијата со претседателот на комисијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.