Македонија
Меѓународна заедница: Забележуваме општо опаѓање на политичкиот дијалог
Забележуваме општо опаѓање на политичкиот дијалог во Македонија и поради тоа повикуваме сите лидери да ја потврдат својата посветеност на Охридскиот рамковен договор и кон јакнење на политичкиот дијалог, се вели во заедничката изјава на шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД во Скопје.
Забележуваме општо опаѓање на политичкиот дијалог во Македонија и поради тоа повикуваме сите лидери да ја потврдат својата посветеност на Охридскиот рамковен договор и кон јакнење на политичкиот дијалог, се вели во заедничката изјава на шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД во Скопје. “Не загрижуваат неодамнешните изјави на политички лидери и на други поединци кои укажуваат кон спротивната насока: зборуваат за поделба, конфликт, напуштање на Охридскиот рамковен договор. Исто така, забележуваме општо опаѓање на политичкиот дијалог. Цврсто се спротивставуваме на било каков вид на насилство и на закани со насилство, бидејќи ова само ќе му наштети на политичкиот и на економскиот прогрес, и е сосема спротивно на вредностите што нашите институции ги застапуваат. Ние ги охрабруваме сите граѓани и нивните претставници, да ги искористат постоечките демократски механизми, вклучувајќи го и Собранието, за да ги унапредат своите интереси. Ги повикуваме сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог. Исто така, охрабруваме континуиран прогрес во сите реформи, потребни за остварување на надворешно-политичките цели на земјата. Ги повикуваме сите актери да ја удвојат својата посветеност кон меѓу-етничка хармонија и да се воздржат од било какви постапки што би можеле да создадат тензии“, се вели во заедничката изјава на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и Соединетите Американски Држави во Скопје. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството отвори постапка за оштетување на влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

