Свет
Иран негира дека уапсил американска шпионка
Иранските власти не уапсиле американска шпионка, за што пертходно во четвртокот зивестија неколку ирански медиуми, пренесува AFP повикувајќи се на иранската државна телевизија Ал Алам
Иранските погранични власти пред една седмица на границата со Ерменија кај градот Нордуз ја привеле 55-годишната американска државјанка Хол Талаја. Кај неа, според првичните информации, наводно била пронајдена шпионска опрема или микрофон, која таа го криела во нејзините заби.„Таа Американка не влегла во Иран. Таа се појавила на пограничниот премин, но бидејќи немала виза тне и било дозволено да помине. Таа беше веднаш испратена назад во Ерменија“, цитира телевизијата зијава на претставник на локалната служба за безбедност.Техеран во неколку наврати ги обвини западните земји за мешање во неговите внатрешни работи. Во почетокот на декември, министерството за разузнавање на Иран соопшти за апсењето на неколку лица под сомнение за вмешаност во убиството на нуклеарниот физичар Маџит Шахрдијар, тврдејќи дека во организирањето на атентатот се инволвирани странски разузнавачки служби.Пред повеќе од една година во Иран беа уапсени тројца Американци обвинети за шпионажа и илегално преминување на иранската граница. Еден од притворениците беше ослободен во септември со кауција поради здравствени причини и се врати во САД. Двајцата други обвинети во моментов се уште е во притвор во Иран и се чека нивно судење кое е закажано за 6-ти февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.